Реа е на чекор од испишувањето историја, четврта последователна титула ќе го направи нај-успешниот возач во Супербајк шампионатот.

Џонатан Реа, за време на трката која овој викенд ќе се вози во Мањикур ќе има можност да ја освои четвртата последователна титула во Светскиот Супербајк шампионат. Доколку му успее тоа, тој ќе стане најуспешниот возач во историјата на оваа серија.

Реа треба да освои девет поени повеќе од Чез Дејвис за да ја освои титулата уште во првата трка. Исто така, Михаел ван дер Марк не треба да има разлика поголема од 11 поени во однос на Реа.

Rea4

Доколку не му успее тоа во првата трка, за да ја освои титулата во втората трка, Реа треба да заврши со предност од најмалку 100 поени во однос на својот најблизок ривал. Во моментов, таа разлика изнесува 116 поени.

Доколку ја освои четвртата титула во шампионатот, тој ќе се изедначи според бројот на титули со Карл Фогерти. Сепак, со оглед на тоа дека веќе го претекна во однос на бројот на вкупни победи,  Реа ќе стане најуспешниот возач во историјата на оваа серија.

„Навистина сум возбуден во пресрет на трката, особено по настапот кој го имавме тука минатата година кога нашиот мотоцикл беше одличен,“ изјави Реа. „Имам одлични сеќавања од трката која се возеше тука лани, а овој викенд ќе биде и прва можност да се обидеме да стигнеме до титулата. Се обидувам да не мислам на тоа во моментов и сакам овој викенд да возам како и на сите други. Според временската прогноза се чини дека ќе имаме стабилно време во текот на целиот викенд. Целта е едноставна, исто како и во Портимао и на последните неколку настапи, да се обидеме да победиме и на двете трки. “

Back To Top