Џонатан Реа продолжува со одличниот настап во новата сезона. Реа стана првиот возач по Нил Хоџсон во 2003 година кој ја започнува сезоната со четири победи по ред. Во изминативе три години Реа имаше одлични настапи на патеката во Тајланд, а и оваа сезона не беше ништо поразлична.

Џонатан Реа продолжува со одличниот настап во новата сезона. Реа стана првиот возач по Нил Хоџсон во 2003 година кој ја започнува сезоната со четири победи по ред. Во изминативе три години Реа имаше одлични настапи на патеката во Тајланд, а и оваа сезона не беше ништо поразлична.

WSBKTVGuideThai

По доминантната победа во саботата, Реа продолжи да вози во ист стил и на трката која се оддржа во неделата.

Веднаш после завршувањето, Реа призна дека трката воопшто не била лесна.

„Ова е мојот најдобар старт оваа сезона. Се чувствувам добро на мотоциклот, но малку бев нервозен на почетокот. Многу е тешко да се претекнува на оваа патека.“

„Голема благодарност до мојот тим и до механичарите. Ова беше навистина топол викенд а тие работеа без прекин. Затоа оваа победа ја посветувам на нив.“

Додека Реа беше задоволен од својот настап, неговиот ривал Чез Дејвис се соочи со проблеми откако падна при обидот да го претекне Меландри.

Велшанецот призна дека се обидел да претекне од надворешната страна но дека не успеал да го задржи мотоциклот.

Црвеното знаме кое се појави поради падот на Лоренцо Савадори му даде шанса на Дејвис повторно да се вклучи во борбата за првото место. После првиот круг тој од деветнаесетото успеа да се пробие до десетото место.

Возачот на Ducati имаше проблеми со гаста и вели дека веднаш знаел дека денот ќе биде долг. Иако заостанува 30 поени зад Реа, тој сепак е многу поблиску до првото место во споредба со минатите сезони.

Следната трка ќе се оддржи на патеката во Арагон за три недели, а Дејвис кој досега има остварено 5 победи на таа патека, се надева дека ќе ја намали разликата со лидерот на табелата.

Back To Top