Марко Меландри беше задоволен од својот настап на Филип Ајленд откако успеа да се искачи на подиумот за прв пат откако се врати во Светскиот Супербајк Шампионат.

Марко Меландри беше задоволен од својот настап на Филип Ајленд откако успеа да се искачи на подиумот за прв пат откако се врати во Светскиот Супербајк Шампионат.

MelandriPI

Италијанецот премина во MotoGP тимот на Aprilia во сезоната 2015, но откако не беше задоволен од тимот реши да го раскине договорот и оттогаш нема настапувано.

Иако покажа добро темпо уште од самиот почеток, сепак можеше да се забележи дека подолг период е надвор од трките откако направи грешка на стартот. Но, тој веднаш се врати во трката и до крај се бореше за да се искачи на подиумот на втората трка која се оддржа во неделата.

„Искачувањето на подиумот е секогаш важно, но после две години надвор од трките, тоа е уште поважно. Знаев дека сум подготвен за тркање но ова ми дава уште поголема самодоверба. После година и половина надвор од трките, мислам дека не сум 100% подготвен, но за време на трката немав многу време за размислување. Понекогаш дури и заборавав да дишам. Бев многу изморен, а исто така ми беше и многу топло. Сега ми треба малку време за да се одморам,“ изјави Меландри.

Back To Top