thumb_honda-wsbk-2012-12На денешниот прв тест на патека Филип Ајленд, тимот на Хонда го претстави моторот со кој ќе се натпреваруваат Џонатан Реа и Хироши Аојама во „WSBK“ шампионатот.

honda-wsbk-2012-12

На денешниот прв тест на патека Филип Ајленд, тимот на Хонда го претстави моторот со кој ќе се натпреваруваат Џонатан Реа и Хироши Аојама во „WSBK“ шампионатот. 

Пред почетокот на шампионатот кој е закажан за следната недела на истата патека возачите ќе имаат можност за финални подготовки на дводневниот тест, а веднаш потоа е закажано и приватно тестирање кои ќе им помогне успешно да го започнат шампионатот.

„Ова беше навистина долга зима - изјави Џонатан Реа - посебно откако ги забранија тестирањата во Декември и Јануари, во секој случај со нетрпение го очекуваме почетокот на сезоната. Деновиве ќе ги искористиме за да доработиме некои делови од моторот со цел да бидеме конкурентни со останатите тимови, а кај новиот мотор навистина ми се свиѓа изгледот бидејќи претставува идеална комбинација на тркачки мотор и мотор за секојдневно возење.“

Хироши Аојама во сосема нова улога: „За мене овој тест е навистина важен, два дена тестирање на мотор и гуми кои се нови за мене е навистина нешто што ќе ми помогне. Атмосферата во тимот е одлична, исто како и на првото тестирање, а се надевам дека сега ќе покажам добри резултати. Знам дека има многу добри возачи, но конечно ќе можам да измерам до каде ми се силите па со нетрпение го очекувам почетокот на тестот.“ {gallery}wsbk-honda{/gallery}

Back To Top