Големи се шансите Светскиот Супербајк Шампионат да има три трки кои ќе се оддржат во два викенди оваа сезона.

За време на тестовите во Херез, организаторите, Dorna Sports, изјавија дека во моментов се работи на план да се оддржат по три настани за време на трките кои треба да се возат во Велика Британија и Португалија. Првата трка која треба да се оддржи во сабота, останува дел од распоредот.

ThreeRaces

Дел од размислувањата за промената на распоредот е дека овие две трки се единствените Европски трки кои се разликуваат од стандардната агенда. Останатие трки кои се оддржуваат во Европа, за разлика од овие две трки, го следат средното европско време. Трката од Супербајк шампионатот која се вози во недела се оддржува пред трките од Суперспорт 300 и Суперсток 1000 со цел на телевизија да се прикажува во главниот термин.

Првично се веруваше дека овие дополнителни трки ќе треба да ја пополнат дупката која ќе настане доколку не се оддржи трката во Аргентина која е планирана за средината на Октомври. Сепак, според последните информации, новата патека би требала да биде готова навреме и да го прифати новиот формат. Во зависност од тоа колку трки ќе бидат додадени, во 2018 година би можеле да видиме дури 29 трки.

Back To Top