Возачите на Кавасаки, Џонатан Реа и Том Сајкс забележаа 1-2 победи на двете трки кои викендов се возеа на патеката Имола.

20150510152043 31339 jpgresize 1000x830 type jpg

Возачите на Кавасаки, Џонатан Реа и Том Сајкс забележаа 1-2 победи на двете трки кои викендов се возеа на патеката Имола.

За разлика од првата трка кој ја дигна публиката на нозе и беше скратена за 6 круга, втората трка се возеше во полни 19 и повторно беше возбудлива, иако на крајот Џонатан Реа беше подобар од својот клубски колега за скоро 5 секунди.

Заради втората техничка грешка на Чаз Дејвис, последното место на подиумот во втората трка му припадна на новајлијата во Супербајк шампионатот, Жорди Торес. 

Следна за возење е рундата на Донингтон парк која важи за домашна на Џонатан Реа, но и за Том Сајкс трката во Англија нема да биде непозната. Второпласираниот во шампионатот, Леон Хаслам сега веќе заостанува 87 бодови зад Џонатан Реа кој има 240. Реа за кого трката во Имола беше 150-та во кариерата веќе има забележано 8 победи од 10 стартови што го прави главен претендент за титулата.

Во продолжение и целосното видео од трките на Имола:

Back To Top