Џонатан Реа го освои трофејот Џои Данлоп откако беше проглаен за најдобар Ирски мотоциклист на годината.

На презентацијата која се оддржа на 29 јануари, Реа доби силен аплауз од публиката. Доделувањето на наградите се одржа во Белфаст и е во соработка со Enkalon MCC, а исто така делумно е поддржано и од Kawasaki Motors UK.

rea nagrada

За Реа ова е трета ваква награда откако претходно беше победник во 2007 и 2008 година. Но оваа сезона наградата имаше посебно значење бидејќи тој е актуелен Светски Супербајк Шампион и е само четвртиот Ирски возач кој станал светски шампион после Ралф Брајнс, Џои Данлоп и Брајан Рид.

Почестен сум што се враќам во Северна Ирска како светски шампион и што имам ваков дочек. Ова отсекогаш беше мојата цел и уште поголемо чест ми е што го освојувам овој трофеј по трет пат. Џои отсекогаш ми беше херој и да те изберат за Ирски мотоциклист  на годината е големо признание.  Немаше да бидам тука денес без поддршката што ми ја даваа многу луѓе во текот на кариерата, а особено поддршката од мојата фамилија.Џонатан Реа

Пред 12 години, шестнаесет годишниот Реа ја освои Red Bull наградата за најмлад возач на годината. Аплаузите што ги доби се сведоштво за неговата вештина и популарност.

Реа исто така ја освои и наградата Black Horse Short Circuit.

Back To Top