Возачот на Сузуки тимот во Супербајк шампионатот Алекс Ловс зебележа најбрзо време на тестот кој се одржа на патеката Филип Ајленд во Австралија.

AL Jerez15 d1

Возачот на Сузуки тимот во Супербајк шампионатот Алекс Ловс зебележа најбрзо време на тестот кој се одржа на патеката Филип Ајленд во Австралија.

24 годишниот Британец на дводневниот тест забележа најдобар резултат (1'30.859) со новата машина која беше монтирана на неговиот GSX-R. За Алекс Ловс ова е одлична најава за сезоната која почнува на истата патека на 22-ри февруари. 

Вториот возач во Сузуки тимот, Ренди де Пуние вториот ден од тестирањето го започна со задоцнување заради лекарските прегледи кои дополнително му беа вршени по падот во свиокот бр.11 на првиот ден од тестот. На Де Пуние му беше дозволено да излезе на патеката но по само 15 круга се повлече во боксот заради болки. На крајот од сесијата во мерењето на комбинираните времиња тој беше само 16-ти.

Сезоната започнува овој викенд, на 22-ри февруари во 2 часот по полноќ за кога е закажана првата трка. Втората трка на програмата е од 5 часот изутрина, со пренос во живо од двете трки на ЕуроСпорт каналот. Трката во класата Суперспорт започнува во 03.15 и исто така ќе се пренесува во живо на ЕуроСпорт.

Back To Top