WSBK

WSB: Лорис Баз се враќа во WorldSBK и ќе настапува за Althea BMW

Лорис Баз ќе се врати во Светскиот Супербајк шампионат и во сезоната 2018 ќе настапува за Althea BMW. 

Следете нè на:

 

Поранешниот возач на Kawasaki кој го постигна своето најдобро место во 2014 година откако заврши на петата позиција, ќе се врати во серијата откако го загуби местото во Avintia Ducati MotoGP. Иако беше познато дека Баз ќе се врати во шампионатот, сепак не се знаеше за кој тим ќе настапува. Французинот се поврзуваше со Red Bull Honda и MV Agusta пред конечно да потпише со поранешниот шампионски тим на Althea кои следната сезона ќе настапат само со еден мотоцикл.

loris baz 1

„Сакав да ја најдам најдобрата опција за мојата иднина и мислам дека тоа е Althea,“ изјави Баз. „Долго време го познавам Џенесио, разговаравме, и да бидам искрен, многу брзо постигнавме договор. Знам дека тимот е силен, успеаа да ја освојат титулата со Карлос Чека, и мислам дека ова е  многу интересен проект. Многу сум среќен поради оваа одлука. Со нетрпение чекам да се качам на S1000RR на тестовите кои ќе се оддржат во Херез.“

После оваа одлука на Баз, се чини дека Американецот Џек Гање ќе го пополни местото во Red Bull Honda и ќе му стане тимски колега на Британецот Леон Камиер.

Би можело да ве интересира

Голем хуманитарен настан со поддршка од општина Ѓорче Петров во чест на прерано починатата жителка на оваа општина, Марија Михајловска ќе биде организиран денеска во реонскиот парк.

Изминатиов викенд во Берово се оддржа првата ендуро трка во организација на МК „Мото Велес“ и МФМА која се бодуваше за македонскиот Ендуро шампионат.

Викендов на патеката Серез во Грција ќе започне македонскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Piaggio ги најави новите MP3 модели меѓу кои се подобрените верзии на скутерите со зафатнина од 500cc како и целосно новите 350cc верзии.

Иако ова не беше најдобро чуваната тајна, сепак денеска и официјално ни стигна потврда дека по завршувањето на сезоната 2018 од Светскиот Супербајк Шампионат ќе заврши и  соработката помеѓу Том Сајкс и Kawasaki Racing.

Уште откако за прв пат беше споменета можноста Triumph да биде снабдувач со мотори во Moto2 шампионатот, почнаа да се појавуваат шпекулации во однос на тоа каков ќе биде планот на Британската компанија во секторот на спортски мотоцикли.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!