WSBK

WSB: Кавасаки доминираше и во Асен

Џонатан Реа стигна до уште една победа откако успеа да се одбрани од нападите на Михаел ван дер Марк за време на првата трка која се возеше во Асен, а Том Сајкс победи на втората трка во Холандија.

Следете нè на:

 

Откако стартуваше добро од првиот ред, Реа најпрво беше нападнат од страна на Алекс Ловс а потоа и од домашниот херој, Михаел ван дер Марк кој успеа да се пробие до првите неколку места. Ван дер Марк, кој се обиде да стигне до неговата прва победа во серијата, изврши силен притисок врз Реа, но сепак на крајот актуелниот шампион успеа да заврши со предност од 0.9 секунди.

rearace1

Ван дер Марк заврши на второто место и покрај обидот на Чез Дејвис да го претекне. Том Сајкс имаше добра трка и на крајот заврши на четвртата позиција пред возачот на Barni Ducati, Чави Форес. Марко Меландри имаше тешка прва трка и на крајот заврши на шестата позиција со вториот мотоцикл на Aruba Ducati додека пак возачот на Althea BMW, Лорис Баз, заврши на седмото место.

Леандро Меркадо, Жорди Торес и Торпак Разгатлиоглу ги заокружија првите десет места на првата трка.

Втората трка му припадна на Том Сајкс, кој финишираше пред Џонатан Реа и ван дер Марк кој имаше навистина фантастичен викенд.

Со овој триумф, Реа успеа да се изедначи со Карл Фогерти по бројот на победи на патеката во Асен.

Во генералниот пласман Реа води со 159 поени, пред Дејвис со 129 и Меландри на третата позиција со 115.

Би можело да ве интересира

Макпетрол објави голем попуст на целата своја програма, вклучувајќи ги мотоциклите од Хонда, мото опремата и кацигите.

Викендов на патеката Мотеги во Јапонија ќе се одржи 16-та трка од МотоГП шампионатот.

На наш колега моторџија му е потребна помош, да се покажеме во вистинско светло во недела!

Викендов на патеката Орман во Скопје се вози третата и последна трка од шампионатот на Македонија во мотокрос.

Фантастична борба за победата ја одбележа првата трка за ГН на Тајланд која му припадна на Марк Маркез.

Слободно можеме да кажеме дека новите модели кои ги прикажа Ducati за време на Intermot беа помалку резервирани.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.