thumb_WorldEndurance2011R03_01Според британскиот веб сајт Bikesportnews.com шефот на Супербајк шампионатот, Паоло Фламини предложил нов формат на популарното мото натпреварување.

WorldEndurance2011R03_01

Според британскиот веб сајт Bikesportnews.com шефот на Супербајк шампионатот, Паоло Фламини предложил нов формат на популарното мото натпреварување.

Според идејата на Фламини, наместо по две трки во викенд, ќе се вози една трка која ќе трае значително подолго но ќе има пит-стоп во кој моторите ќе прават долевање на гориво, нешто налик на трките на издржливост или трката Daytona 200. Според него, овој формат на трки ќе биде многу по атрактивен за публиката.

Ова сеуште е само предлог, неизвесно е дали ќе се усвои но што мислите вие, звучи интересно, или треба да се остави Супербајк шампионатот онаков каков што си е?

Back To Top