Kawasaki Puccetti Racing тимот ќе продолжи да настапува со еден мотоцикл во Супербајк серијата во 2018 година со Топрак, додека пак во WorldSSP шампионатот, Кенан Сафуоглу и Хикари Окубо ќе настапат со Kawasaki Ninja ZX-6R.

Одличниот настап во 2017 година во STK1000, борбата за титулата до самиот крај на шампионатот и освојувањето на второто место во генералниот пласман му овозможи на Европскиот STK600 шампион да потпише едногодишен договор со Kawasaki Puccetti Racing и во следната сезона да настапи во WSBK серијата. Kawasaki Puccetti Racing тимот ќе продолжи да настапува со еден мотоцикл во FIM Супербајк серијата во 2018 година додека пак во FIM WorldSSP шампионатот, Кенан Сафуоглу и Хикари Окубо ќе настапат со Kawasaki Ninja ZX-6R.

paragrapharticle 69979 59313e94bc5da

Мануел Пукети:

Во 2018 година ќе продолжиме да настапуваме со еден мотоцикл во WorldSBK шампионатот. Оваа година, исто како и во минатото, Топрак покажа дека е многу талентиран возач и сигурни сме дека е подготвен за настап во премиерната класа. Ова беше наша прва сезона како приватен тим во Супербајк и помина позитивно. Стекнавме позитивно искуство, најпрво со Ренди и Ентоани, а потоа и со Хаслам и Гинтоли. Сега сме подготвени за предизвиците кои не очекуваат следната сезона. Благодарение на новите правила, разликата меѓу нашиот мотоцикл и мотоциклите на останатите возачи ќе се намали. Затоа сме сигурни дека во 2018 година ќе му обезбедиме на Топрак се што му е потребно за да учи но и за да биде компетитивен.

Топрак Разгатлиоглу:

2017 година беше навистина позитивна за мене. Ни избега титулата во  STK1000 поради повредата која ја добив во Франција. Ако настапев во Мањикур, веројатно работите ќе беа поинакви. Но во секој случај, среќен сум што ќе настапам во WorldSBK следната сезона. Веќе неколку сезони возам за тимот Pucceti  и запознаен сум со професионализмот на луѓето кои работат тука. Сигурен сум дека ќе имам се што ми е потребно за да го научам новиот мотоцикл и да се борам за постигнување на добри резултати. Сакам да им се заблагодарам на Мануел и на Kawasaki за оваа можност која ми ја даваат. Со нетрпение чекам да дојде ноември кога на патеката во Херез ќе го имам првиот зимски тест.

Back To Top