Возачот на Kawasaki, Том Сајкс се упати кон Арагон со голема надеж откако ја освои својата прва пол позиција оваа сезона.

Saturday Sykes action

Возачот на Kawasaki, Том Сајкс се упати кон Арагон со голема надеж откако ја освои својата прва пол позиција оваа сезона.

Неговата цел беше уништена после само 3 круга откако неговиот ZX-10R доживеа технички проблеми, принудувајќи го да се повлече од трката. На втората трка, Британскиот возач го освои последното место на подиумот.

Освојување на место на подиумот на втората трка не беше совршен начин да се заврши овој викенд, но тоа секако беше прифатлив начин. Ќе беше добро да ја завршев првата трка за да можев да соберам повеќе информации. Ова не е оправдување-  на втората трка возачите пред мене беа фантастични.Сега ќе одиме на патеки на кои ние сме малку посилни.Тимот навистина работи напорно па ајде да видиме што ќе донесе трката во Асен.

изјави Сајкс

Грешката која ја имаше Лорис Баз на стартот на втората трка ги намали неговите шанси, но тој покажа голема одлучност и успеа да се избори за шестото место.

Првата трка беше добра и сметам дека ако имав подобар старт ќе бев со момците напред. Морав да се борам за да ги поминам другите возачи.Среќен сум што завршив на петтото место на првата трка. Тоа покажува дека напорната работа се исплатува. На втората трка излегов на патеката, па потоа тие ја одложија трката и јас го изгаснав мојот моторцикл, бидејќи тоа го правиме кога има таква ситуација. Тие рекоа дека неможам тоа да го правам па морав да почнам од боксот заедно со Џулс Клузел. Незнам дали ќе освоев подобро место доколку стартував нормално, но барем ќе видев колку долго можам да бидам изедначен со останатите возачи.

дополни Лорис Баз
Back To Top