motori misano-wsbk-2012-92Имајќи во предвид дека следната година во Супербајк шампионатот фабричкиот тим на БМВ ќе се соедини со „BMW Italia“, истовремено најавено е доаѓањето на Бен Спиз во овој нов тим, па се поизвесно е дека Леон Хаслам ќе треба да бара ново место.

misano-wsbk-2012-92

Имајќи во предвид дека следната година во Супербајк шампионатот фабричкиот тим на БМВ ќе се соедини со „BMW Italia“, истовремено најавено е доаѓањето на Бен Спиз во овој нов тим, па се поизвесно е дека Леон Хаслам ќе треба да бара ново место.

Visordown.com известува дека Хаслам веќе склучил договор со тимот на Хонда во Супербајк шампионатот, а во интервјуто за bikesportnews.com Хаслам призна дека имал понуди дури и од CRT тимови во МотоГП шампионатот. Неизвесно е на чие место ќе дојде Хаслам во тимот на Хонда бидејќи Џонатан Реа е можно да се врати во МотоГП во тимот на Гресини но тоа треба допрво да се реши бидејќи неизвесна е иднината на Кал Крачлоу како и на Алваро Баутиста. Во секој случај доколку Реа не премине во МотоГП, Хаслам ќе влезе во Хонда на местото на Хироши Аојама. 

Хаслам веќе има искуство со Хонда, тој возеше CBR1000RR во 2008-ма во Британскиот Супербајк шампионат за тимот на „HM Plant“ кога заврши како вице-шампион, а во 2009-та премина во Супербајк тимот „Stiggy Honda“ со кој заврши на 6-та позиција.

Back To Top