Времето кое го постигна Сајкс од 1:39.924, беше најбрзото во денот но и воопшто на целото тестирање.

Светскиот Супербајк Шампион за сезоната 2013, Том Сајкс остана најбрз и на вториот и последен ден од тестирањето во Херез. Давиде Џулијано заврши на второто место со заостанување од само една десетинка, а на третото место беше Дејвис. На четвртото место се најде Ники Хејдн кој оваа сезона ќе вози за Honda.

01test wsbk test xxxx jrb 2632 full

Условите на патеката претпладнето беа лоши, но попладне тие се подобрија и повеќето возачи успеаа да ги подобрат своите времиња. Времето кое го постигна Сајкс од 1:39.924, беше најбрзото денеска и воопшто на целото тестирање.  Џулијано и Дејвис беа единствените двајца возачи кои успеаа да му се приближат. Џулијано доживеа и мала незгода но за среќа остана неповреден.    

Дуото на Honda, Ники Хејдн и Мајкл Ван Дер Марк исто така го подобрија своето време и тоа за една секунда. Хејдн заврши на четвртото место, а неговиот тимски колега беше петти.

Возачот на Barni Racing, Чави Форес имаше импресивно возење и поголем дел од времето се наоѓаше во близина на врвот. Времето кое го постигна од 1:40.761 му го донесе шестото место.

01test wsbk test xxxx jrb 1158 full

Расположението кај Kawasaki остана на високо ниво после дводневното тестирање во Херез. Нивниот возач Сајкс и двата дена постигна најдобро време. Актуелниот шампион Реа и понатаму е убеден дека неговиот нов мотоцикл ќе биде најбрз со тек на време. Тој заврши на седмото место, а веднаш зад него се најдоа возачите на Pata Yamaha, Силвиан Гинтоли и Алекс Ловс. Австралиецот Џош Брукс заврши на десетото место. Британскиот Супербајк Шампион значително го подобри своето возење за разлика од вчера.

Најбрзиот WorldSSP возач повторно беше актуелниот шампион Софуоглу, а неговиот нов тимски колега Круменахер се уште му е најблизок ривал.

Back To Top