WSBK

Реа е подготвен за трката во Мизано

Џонатан Реа се надева дека ќе ја зголеми предноста на табелата во Светскиот Супербајк шампионат во пресрет на трката која овој викенд ќе се оддржи во Мизано.

Следете нè на:

 

По две последователни победи, Реа се надева дека ќе продолжи да вози во ист стил и дека ќе се доближи до освојувањето на четвртата титула во серијата. И покрај тоа што беше поврзуван со неколку MotoGP тимови, за време на трката во Брно тој конечно го продолжи договорот со Kawasaki Racing. Вели дека е подготвен за последната трка пред летната пауза.

732144

На последната трка во Мисано не забележа добар резултат но вели дека сега очекува многу подобар настап.

„Мисано е една од моите омилени патеки. Оваа година пред трката бев на одмор со мојата фамилија и малку уживав на песокот. Тоа беше одлична подготовка за викендот бидејќи се чувствувам одморено и подготвен сум за последната трка пред летната пауза.“

„Заедно со тимот ќе работиме напорно за да бидеме сигурни дека сме компетитивни на трката. Важно е да ја подобриме нашата позиција на табелата. Нашата цел е да продолжиме да работиме на ист начин како и досега и да извлечеме најмногу од нашиот потенцијал.“

 

Би можело да ве интересира

Викендов на патеката Мотеги во Јапонија ќе се одржи 16-та трка од МотоГП шампионатот.

На наш колега моторџија му е потребна помош, да се покажеме во вистинско светло во недела!

Викендов на патеката Орман во Скопје се вози третата и последна трка од шампионатот на Македонија во мотокрос.

Фантастична борба за победата ја одбележа првата трка за ГН на Тајланд која му припадна на Марк Маркез.

Слободно можеме да кажеме дека новите модели кои ги прикажа Ducati за време на Intermot беа помалку резервирани.

За време на изложбите во Париз и Intermot, Honda го претстави новиот Super Cub C125 кој се очекува да се најде на пазарот оваа есен.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.