Нова возбудлива трка меѓу возачите на Kawasaki. Том Сајкс ја оствари првата победа оваа сезона на новиот Ninja ZX-10R.

Нова возбудлива трка меѓу возачите на Kawasaki. Том Сајкс ја оствари првата победа оваа сезона на новиот Ninja ZX-10R. Џонатан Реа на крајот заостануваше само 0.190 секунди зад победникот. Реа го напушта Тајланд со 95 поени и водечко место на табелата, а Сајкс се наоѓа на второто место со освоени 66 поени.

На патеката „Чанг“, Kawasaki оствари двојна победа. На првата трка во саботата победи Реа, а на втората трка која се оддржа во неделата попладне по локално време, победи Сајкс. На трката во саботата, во моментот кога се обидуваше да го стигне Сајкс, Реа постигна и најбрзо извозено време на еден круг.

rea sykes tajland1

Во поголем дел од трката, Сајкс и Реа се натпреваруваа меѓусебе, но при крајот на трката на нив им се приклучи и Чаз Дејвис и ја направи борбата за место на подиумот малку покомплицирана. Реа неколу пати се обиде да го претекне Сајкс, но тој сепак успеа да се одбрани и на крајот заврши на првото место со предност од 0.190 секунди пред Реа кој се најде на второто место.  На третото место заврши Дејвис кој заостануваше само 0.314 секунди зад Сајкс.

По четири извозени трки, лидер на табелата е Реа кој има предност од 29 поени пред Сајкс. На третото место се наоѓа Михаел ван Дер Марк. Возачите на Kawasaki победија на сите 4 трки до сега.

Џонатан Реа досега има постигнато 32 победи и се наоѓа на петото место на листата на најмногу остварени победи. Том Сајкс се наоѓа на седмото место со постигнати 27 победи.

Следната трка ќе се оддржи во периодот од 1ви до 3ти април на патеката Арагон во Шпанија.

Том Сајкс: „Ова ми е прва победа годинава и навистина морав да се борам за неа. Задоволен сум бидејќи Џонатан вози извонредно на оваа патека и морам да кажам дека имаме голем напредок во споредба со минатата сезона. Морам на сите да им се заблагодарам. Во текот на зимата работеа навистина напорно. Трката беше одлична, имаше голема борба. Уште поголемо задоволство ми причинува фактот што од шестиот круг имав проблем со предниот дел. На табелата видов дека ми се приближуваат другите возачи и бев под голем притисок. “

rea sajks tajland2

Џонатан Реа: „Направивме мали промени во подготовката на мотоциклот и од десетиот круг па се до крајот возев побрзо од Том. Навистина сакав да победам и се обидов да го престигнам Том два или три пати, но за да го победиш него кога е во форма треба да си навистина добар. Големи честитки до него. Направи голема работа денеска и не победи без никаков проблем. Добро е за тимот што остваривме ваква победа иако посакувам јас да завршев на првото место. Дадов се од себе но сепак не успеав. Ја зголемивме предноста и тоа е добро, но јас сакав да победам. Но понекогаш и да загубиш е добро за мотивацијата.“

За оние кои ја пропуштија рундата, во продолжение следуваат целосни видеа од трките:

Трка 1 WSBK:

Трка 2 SBK и трка WSS:

Back To Top