Тимот на „Aruba.it Racing - Ducati“ и Марко Меландри со заедничко соопштение денеска објавија дека ја продолжуваат соработката и во 2018 година во Motul Superbike шампионатот.

Тимот на „Aruba.it Racing - Ducati“ и Марко Меландри со заедничко соопштение денеска објавија дека ја продолжуваат соработката и во 2018 година во Motul Superbike шампионатот.

56919 r7 ambience full

Откако му се приклучи на Чез Дејвис оваа сезона, дуото покажа дека Дукати има „коњи за трка“. Освојувајќи 5 победи до сега, притоа носејќи ја 100-та победа за Италија, негова прва победа по враќањето во падокот во 2014 година. Меландри кој наполни 35 години е возбуден што го продолжува договорот, потенцираше дека иако имаа среќни моменти со тимот, имаше и моменти кои потсетија дека неговата пауза од трките си го направила своето.

Сепак продолжувањето на договорот е добро за двете страни, Меландри е икона во мото спортот и освен успех на тимот му носи и престиж на самиот шампионат, а со тоа и она што најмногу му недостасува, поголема гледаност.

До сега се извозени 8 рунди од вкупно 13 (по две трки во секоја рунда), следната рунда се вози викендов на патеката Лаусицринг во Германија. Во генералниот пласман водечки е Џонатан Реа со 341 поен а неговиот клубски колега Том Сајкс е втор со 282. Зад нив е дуото на Дукати, Чез Дејвис е трет со 226 поени, а Меландри е четврти со 189 поени.

Back To Top