Со новиот договор, Eurosport ќе ги пренесува трките од Светскиот Супербајк шампионат во 2017, 2018 и 2019 година.

Eurosport обезбеди продолжување на договорот со Dorna и ќе продолжи да ги пренесува трките од Светскиот Супербајк шампионат до сезоната 2019.

Со новиот договор, Eurosport ќе ги пренесува трките од Светскиот Супербајк шампионат во 2017, 2018 и 2019 година. Покрај настапите кои ќе бидат во живо и кои Eurosport ќе ги пренесува на сите свои канали, трките исто така ќе се пренесуваат и на дигиталната платформа на Eurosport.

wsbk motori

Питер Хатон, извршниот директор на Eurosport, е воодушевен од постигнатиот договор.

„Dorna WorldSBK е голем партнер на Eurosport веќе дваесет години и со големо задоволство го продолживме договорот до 2019 година,“ изјави Хатон. „Гледачите на Eurosport веќе со нетрпение чекаат да видат дали актуелниот шампион Џонатан Реа ќе ја одбрани титулата на трките кои треба да почнат овој месец. Гледаноста на шампионатот е навистина голема, особено во Велика Британија.“

Првата трка од Светскиот Супербајк шампионат ќе се оддржи на патеката Филип Ајленд, Австралија од 26 до 28 фебруари.

Back To Top