Актуелниот Светски шампион Џонатан Реа денеска го продолжи договорот со KRT тимот за кој ќе настапува во следните две години во Супербајк шампионатот.

Актуелниот Светски шампион Џонатан Реа денеска го продолжи договорот со KRT тимот за кој ќе настапува во следните две години во Супербајк шампионатот.

По пет извозени рунди Реа е на првото место во генералниот пласман во Супербајк шампионатот со предност од 35 бода пред второпласираниот Чаз Дејвис на Дукати.

hi L R Ken Ondo KHI Jonathan Rea Ichiro Yoda

Навистина сум среќен што го продолжувам партнерството со Кавасаки Рејсинг Тимот (KRT) и што ќе ја продолжам одличната соработка со тимот и фановите. Нашите цели се одлично поклопени па затоа и не е чудно што ја продолжуваме соработката во следните две години. Со оглед на сите досегашни успеси, како и работата која ја направивме оваа сезона со Ninja ZX-10R, сигурен сум дека не очекува светла иднина. Би сакал да им се заблагодарам на Кавасаки и на КРТ за досегашната доверба и за се што направија за мене. Имајќи го сето ова во предвид уште повеќе сум фокусиран на повторување на минатогодишниот успех и задржувањето на титулата за Кавасаки. - Џонатан Реа

Претставниците на КРТ тимот исто така го споделија оптимизмот на Реа и изразија задоволство што шампионот одлучи да остане во тимот и во следните две сезони. Џонатан Реа е од одлична помош за Кавасаки и тие се надеваат дека ќе продолжат со успешната приказна и по 2018 година до кога му важи новиот договор на Реа.

Back To Top