„Возбуден сум што се враќам во Светскиот Супербајк Шампионат со тимот на Aprilia. Имав голем успех таму и тоа беше одличен период“ – Јуџин Лаверти

Aprilia ќе ги здружи силите со тимот на Шон Мунир, SMR, и следната сезона ќе се врати како фабрички тим во Светскиот Супербајк Шампионат. Главен возач ќе биде Јуџин Лаверти.

Во видео објавено на официјалната интернет страна на Светскиот Супербајк Шампионат, Лаверти изјави: „Возбуден сум што се враќам во Светскиот Супербајк Шампионат со тимот на Aprilia. Имав голем успех таму и тоа беше одличен период .“

laverti aprilia

„Да се вратам во фабрички тим на Aprilia и да имам шанси за победа и борба за титулата е нешто поинакво и нешто за што сум навистина подготвен.“

„Следната година ќе биде многу возбудлива. Ќе има многу добри возачи. Ќе биде навистина компетитивна.“

„Важно е да имаш фабричка поддршка и фабрички инжињери. Добро го познавам тимот SRM и убеден сум дека имаат сила да се борат за титулата.“

Aprilia, која освои титули во WSBK во 2010,2012 и 2014 година, ќе продолжи со техничките подобрувања на RSV4 а тимот на Мунир ќе биде задолжен за тркачкиот тим.

SMR ја освои Британската Супербајк титула со Томи Хил во 2011 година и со Џош Брукс во 2015 година пред да преминат во WSBK оваа сезона. Во моментов за нив настапуваат Брукс и Карел Абрахам но тие се наоѓаат на 15. и 18. место во шампионатот.

Aprilia го затвори својот тим во WSBK на крајот на 2014 година за да се фокусира на враќање во MotoGP, но сепак учествуваше во натпреварувањето преку сателитскиот тим Red Devils Roma.

Откако таа соработка заврши, беше постигнат договор со IodaRacing со цел RSV4 да остане на патеката оваа сезона.

Дебитантот Лоренцо Савадори шест пати заврши меѓу првите шест возачи на трките и во моментов се наоѓа на деветото место во генералниот пласман а настапува на мотоцикл на кој речиси и да нема никакви подобрувања.

Се чини дека Aprilia е во искушение повторно да се врати во WSBK со оглед на тоа дека има реални шанси да се бори за победи, без товарот што го носи да имаш сопствен тим.

Савадори има големи шанси да се префрли во проектот SMR,  а неодамна и шефот на Loda, Џампиеро Саки изјави дека тие ќе имаат голема корист од новиот тим на Aprilia.

Back To Top