WSBK

Алваро Баутиста од следната година ќе вози за Ducati во WorldSBK серијата

Алваро Баутиста само што му го зема местото на Марко Меландри во Супербајк тимот на Ducati. Исто така и Чез Дејвис го продолжи договорот со Ducati Corse, но оваа информација и беше очекувана.

Следете нè на:

 

Дејвис и Баутиста ќе возат на новиот Ducati Panigale V4 супербајк кој своето деби во категоријата од 1000cc ќе го има следната година.

Се уште ја немаме видено уличната верзија на оваа машина. Имаме само погледнато неколку кратки видеа од тестирањата, но она што ни остави најголем впечаток е неверојатната брзина која ја постигнуваше.

alvaro bautista ducati panigale v4 lightning bolts

Потпишувањето на договор со Баутиста како и обновувањето на соработката со Дејвис му овозможи на Ducati да формира силен тим за сезоната 2019 од Светскиот Супербајк шампионат.

Со ваквиот потег, Италијанскиот производител се надева дека ќе го зголеми бројот на победи.

„За мене следната сезона ќе биде голем предизвик бидејќи после 16 години ќе го напуштам овој шампионат и ќе преминам во Супербајк серијата во тимот на Ducati,“ изјави Бауриста за време на денешната пресконференција.

„Имам нов предизвик пред мене и имам голема мотивација. Благодарен сум за довербата која ја има Ducati во мене и сметам дека заедно ќе бидеме многу силни. Мислам дека ќе имаме одлична забава и ќе постигнеме добри резултати. Со нетрпение го очекувам новиот предизвик но исто така ветувам и дека ќе дадам се од себе во последните неколку трки од MotoGP шампионатот.“

Ducati го очекува тешка борба следната година. Двоецот на Kawasaki, Реа и Хаслам се првите кои ќе треба да се победат но исто така и возачите на PATA Yamaha, Алекс Ловс и Михаел ван дер Марк имаат голем напредок.

А со пристигнувањето на новиот BMW S1000RR како и подобрените верзии на Honda CBR1000RR и Aprilia RSV4 RF пред нас ќе има една навистина интересна сезона.

Би можело да ве интересира

Неофицијална листа на возачи кои ќе бидат дел од електричниот FIM MotoE Светски Шампионат

Поранешниот MotoGP возач Сете Жиберно после десет години ќе се врати од пензија и со Pons Racing ќе биде дел од MotoE серијата

„Директорот на Yamaha во интервју за Crash.net изјави дека и покрај неодамнешните резултати, нема подобрувања во тимот. Најави и промени во екипата“

„Се чини дека 790 Adventure R ќе биде навистина моќно оф роуд оружје“

„Honda CB500F доби неколку промени кои го прават овој мотоцикл многу поатрактивен“

За време на оддржувањето на мото шоуто EICMA 2018 во Милано, MV Agusta претстави концепт на нов  Superveloce 800 модел. Италијанскиот производител вели дека оваа верзија ќе се најде во производство во втората половина на 2019 година.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.