WSBK

10 работи што треба да ги знаете пред трката во Португалија

Пред нас е 10-та рунда од Светскиот Супербајк шампионат која викендов се вози на патеката Портимао во Португалија.

Следете нè на:

 

Претстојната трка на Портимао ја карактеризираат следните 10 работи:

wsbk 58061 r9 action full

  1. Џонатан Реа трката ќе ја почне со четири победи по ред откако успеа да стигне прв на трките кои се возеа во Лагуна Сека и Мизано. Минатата сезона успеа да победи на пет трки по ред откако постигна двојна победа на Филип Ајленд и Бурирам како и на првата трка во Арагон.
  2. Неколку рекорди за Kawasaki: На трката во Мизано стигнаа до својата 120-та победа. Тоа за нив беше и 370-то место на подиумот. Досега имаат постигнато и 79 пол позиции како и 259 старта од првиот ред.
  3. На трката во Мизано, Реа стигна до својата 49-та победа во тимот на Kawasaki. Во историјата на WSBK, само на двајца возачи им успеало да постигнат повеќе од 50 победи за еден тим. Кал Фогерти за Ducati (55) и Трој Бејлис исто така за Ducati (52).
  4. На 18 трки колку што досега се оддржаа во Португалија, има 9 различни победници. Единствениот кој победи на повеќе од две трки е Џонатан Реа кој досега има пет победи на оваа патека. Најблиски ривали со две победи му се Трој Бејлис, Макс Бијаџи, Марко Меландри, Јуџин Лаверти и Том Сајкс.
  5. Реа има одличен рекорд во Португалија. На 12 трки се најде меѓу најдобрите тројца возачи. Тоа е повеќе од двојно подобро од најблискиот ривал, Силвиан Гинтоли кој има 5 места на подиумот.
  6. Само актуелните возачи на KRT имаат постигнато повеќе од една пол позиција на квалификациите кои се оддржуваат на оваа патека.Том Сајкс има три, а Џонатан Реа две.
  7. Само на тројца возачи им успеало да постигнат двојна победа.Трој Бејлис во 2008 година, Макс Бијаџи во 2010 и Џонатан Реа во 2015 и 2017 година. На крајот на овие сезони, сите успеаа да стигнат до шампионската титула.
  8. Седум производители успеале да освојат барем едно место на подиумот. Ducati, Honda, Aprilia, Kawasaki, Yamaha, Suzuki и BMW.
  9. Велика Британија е најуспешната земја на оваа трка со постигнати седум победи. Актуелните возачи на Kawasaki, Том Сајкс и Џонатан Реа се одговорни за шест победи.
  10. На само една третина од трките кои се возеа на оваа патека до победа успеа да стигне возачот кој стартувал од пол позицијата. На последните четири трки тука, само два пати возачот кој статуваше од пол позиција успеа да дојде до победа. Том Сајкс на првата трка во 2014 година и Џонатан Реа минатата година исто така на првата трка.

Би можело да ве интересира

Неофицијална листа на возачи кои ќе бидат дел од електричниот FIM MotoE Светски Шампионат

Поранешниот MotoGP возач Сете Жиберно после десет години ќе се врати од пензија и со Pons Racing ќе биде дел од MotoE серијата

„Директорот на Yamaha во интервју за Crash.net изјави дека и покрај неодамнешните резултати, нема подобрувања во тимот. Најави и промени во екипата“

„Се чини дека 790 Adventure R ќе биде навистина моќно оф роуд оружје“

„Honda CB500F доби неколку промени кои го прават овој мотоцикл многу поатрактивен“

За време на оддржувањето на мото шоуто EICMA 2018 во Милано, MV Agusta претстави концепт на нов  Superveloce 800 модел. Италијанскиот производител вели дека оваа верзија ќе се најде во производство во втората половина на 2019 година.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.