Сигурно не сте си помислиле дека додека да наполните 30 години, би спиеле некаде покрај пат, би продале се што имате и би го надминале лимитот на Facebook пријатели. Ники Мисурели го има направено токму тоа.

Сигурно не сте си помислиле дека додека да наполните 30 години, би спиеле некаде покрај пат, би продале се што имате и би го надминале лимитот на Facebook пријатели. Ники Мисурели го има направено токму тоа. А таа има и поминато 28.000 километри со мотоцикл низ светот. Ако и тоа не е доволно, сето тоа го има направено сама.

nikkimisurellisaltflat

Откако го положи возачкиот испит, Мисурели го користи скромниот Honda CBR600RR да отиде до продавница или едноставно само да се вози низ Аљаска. Минатиот септември, нејзиното момче и ја спомнало идејата за патување.

„Ми кажа дека сака да патува со мотоцикл од Аљаска па се до Аргентина. Го прашав дали може и јас да дојдам со него, но тој ми кажа не. Ми рече дека е премногу опасно. Веројатно нема да издржам.“

„Прекинавме да се гледаме и одлучив да патувам сама.“

nikkimisurellimorocco

Со нејзиниот мотоцикл, не само што го помина западниот брег на двата континенти, таа помина одреден период и во Централна Америка. Минатиот месец таа ја заврши и авантурата која ја започна на другата страна на Атлантикот. Ги помина Италија, Шпанија, Франција, Гибралтар, Португалија, а помина и краток период во Мароко.

Мисурели нема постојана работа ниту пак место на живеење.

„Многумина сметаат дека сум богата. Но тоа не е точно. Немам куќа ниту пак нешто во моја сопственост. Ја земав сета заштеда и продадов се друго што имам. Неверојатно е колку малку ни треба за да живееме.“ Меѓу патувањата таа работи повремено, а за време на патувањата таа со себе носи шатор, вреќа за спиење и малку облека. Спие каде што може, без разлика дали е тоа хотел или шатор. Во Италија спиеле и во тунел.

nikkimisurellimoroccobike

„Патував низ планините и беше навистина ладно и врнеше. Сакав само некаде да се згреам и да најдам место каде што нема да дува. Не сакав да барам некое посебно место и едноставно се решив за тунелот. “

Следно на агендата и е да најде работа во Австралија или Америка, но вели дека за шест месеци повторно ќе замине на патување, најверојатно на Блискиот Исток или во Северна Африка.

Мисурели себеси се гледа како амбасадор. „Сакам жените низ целиот свет да излезат и да почнат да патуваат.“ Ако сакаш нешто да направиш тогаш ќе успееш, вели таа. „А во момeнтов, само сакам да патувам.“

Back To Top