Вести од светот

Започна новата серија „Mayans MC“

После неколку години живот во сенка на далеку попознатата Sons of Anarchy, Mayans MC конечно го добива своето место под сонцето.

Следете нè на:

 

Доколку сте фан на телевизиски серии и мотоцикли, тогаш сигурно ви се допадна Sons of Anarchy. Оваа недела, за прв пат премиерно беше прикажана Mayans MC, серија која сега следи еден друг мотоциклискички клуб и сите нивни несреќи и судири со полицијата, други банди но и меѓусебни борби.

mayans mc cover

Засега се чини дека новото шоу ќе ни ја приреди и истата забава како и SOA. Првата епизода ги има истите состојки, со таа разлика што дејствијата сега се случуваат од двете страни на границата. Веќе сме запознаени со некои од ликовите, меѓу кој е и основачот на Mayans, Маркус Алварез. Него сè уште го глуми Емилио Ривера, кој го игра овој лик уште откако се појави во првата епизода од Sons of Anarchy.

Главниот лик во серијата е Езекил „Ез“ Рејес, кој го игра Џеј Ди Пардо. Неговиот брат е веќе во бандата, а нивниот татко, кој го глуми Едвард Џејмс Ослон, има продавница и не е дел од тој живот. Во првата епизода ни е претставен и љубовниот живот на Ез. Во едно сеќавање пред осум години, додека тој е во затвор и сака да и каже на неговата девојка дека е готово помеѓу нив, таа му кажува дека чека бебе од него. Тој реагира многу гневно и се обидува да ја избрка пред во тоа да го спречат стражарите. Потоа се појавува и Џема Телер Мороу, која само им вели дека се идиоти. Ова делува малку чудно бидејќи таа беше убиена во првичната серија, но со оглед  дека ова е само сеќавање, донекаде и има смисла. Ова делува како намерна одлука на режисерот за да ги спои овие два света или пак би можело да биде тоа дека тој е опседнат со својата жена. 

Шоуто навистина ветува и јас ќе продолжам да го гледам. Ја има истата формула како и SOA и ветува многу акција но и драма. Во моментов серијата сè уште ги нема подетално објаснето женските ликови, освен една која многу потсетува на Џема. Ова беше голем дел во првичната серија и според мене она што го правеше балансот.

Оваа серија ветува многу повеќе отколку петходните обиди на режисерот Курт Сутер да излезе од сенката на Sans of Anarchy. Креирањето на шоу кое ќе следи слична приказна можеби е одличен потег со оглед на големиот број на фанови кои ги имаше серијата.

Би можело да ве интересира

Неофицијална листа на возачи кои ќе бидат дел од електричниот FIM MotoE Светски Шампионат

Поранешниот MotoGP возач Сете Жиберно после десет години ќе се врати од пензија и со Pons Racing ќе биде дел од MotoE серијата

„Директорот на Yamaha во интервју за Crash.net изјави дека и покрај неодамнешните резултати, нема подобрувања во тимот. Најави и промени во екипата“

„Се чини дека 790 Adventure R ќе биде навистина моќно оф роуд оружје“

„Honda CB500F доби неколку промени кои го прават овој мотоцикл многу поатрактивен“

За време на оддржувањето на мото шоуто EICMA 2018 во Милано, MV Agusta претстави концепт на нов  Superveloce 800 модел. Италијанскиот производител вели дека оваа верзија ќе се најде во производство во втората половина на 2019 година.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.