Можеби тоа е само земја на слободи во однос на полуавтоматските оружја. Но се чини дека во иднина жителите на Америка нема да имаат избор во однос на тоа каков мотоцикл ќе можат да купат.

Федералната агенција за безбедност ја изгласа препораката со која сите мотоцикли во иднина ќе мораат да бидат опремени со ABS и систем за контрола на тракцијата.

Panic braking

Овие правила се дел од десетте „препораки“  кои имаат за цел да го намалат бројот на жртви на Американските патишта. Како и кај повеќето други земји, напредната технологија која ја има кај автомобилите доведе до тоа да се намали бројот на загинати во сообраќајни несреќи. Но иако бројот на лица кои загинале во сообраќајни несреќи во кои се поврзани мотоциклите е намален, сепак нивниот број сѐ уште е значително поголем во однос на несреќите во кои се вклучени автомобили. Всушност, оваа бројка е поголема за 28 пати.

Сепак, сета вина не може да се префрли врз производителите на мотоцикли. Од агенцијата велат дека напредната технологија мора да игра одредена улога во подобрувањето на безбедноста. Затоа е препорачано сите автомобили кои имаат ваква технологија да ги вклучат и мотоциклите во системот за тие да можат да комуницираат со нив и да ги избегнуваат во случај на несреќа. На кратко ова значи дека идните автономни возила ќе треба да ги интегрираат мотоциклите во нивните системи за предупредување.

Мотоциклите кои во иднина ќе се продаваат во САД ќе бидат опремени со ABS и систем за стабилност и контрола на тракцијата. Но тие исто така ќе бидат интегрирани и во системите на автомобилите. Сето ова се прави со цел да се подобри безбедноста на мотоциклистите.

Back To Top