Производителите на мотоцикли не се единствените кои ја чувствуваа тешката економска ситуација.

logo nolangroup

Производителите на мотоцикли не се единствените кои ја чувствуваа тешката економска ситуација.

Дури и компаниите кои произведуваат дополнителни делови за мотоциклите  го чувствуваат намалувањето на продажбата. Фирмата Nolan, која произведува кациги во Италија, реши да потпише солидарни договори со своите вработени.  

Групацијата Nolan, која е во сопственост на Алберто Вергани (тој е менаџер на Марко Меландри и Карлос Чека) издаде соопштение за медиумите објаснувајќи дека оваа ситуација ќе трае 24 месеци и ќе започне од 1ви Јули 2013 година. 333 работници од двете фабрики ќе имаат помала плата но ќе работат 20% помалку.

Ова е направено со цел сите да ги задржат своите работни места. Солидарниот договор исто така ќе се однесува и на менаџментот.

Back To Top