Вести од светот

Укината забраната за жените во Саудиска Арабија за возење мотоцикл

Почнувајќи од следното лето, жените во Саудиска Арабија не само што ќе добијат дозвола да управуваат со автомобил, туку исто така ќе можат да возат камион но и мотоцикл, соопштија локалните власти.

Следете нè на:

 

Во септември, кралот Салман издаде декрет со кој се укинува законот кој ги спречуваше жените да возат, а од министерството за информации на твитер објавија и посебна слика за да потврдат дека на жените ќе им биде дозволено да возат мотоцикл и камион. Исто така се наведува дека нема да се толерира никакво дискриминирање на жените возачи. Жените кои имаат меѓународни возачки дозволи веднаш ќе можат да почнат со возење додека пак оние кои немаа најпрво ќе мораат да завршат обука во специјални училишта.

saudi motorcycle 633x388

Повеќе од 25 години активисти водат кампања на жените да им се дозволи да возат, а низ текот на годините, голем број од нив беа и уапсени.

Неодамна, конзервативното муслиманско кралство објави низа на реформи, меѓу кои е и укинувањето на забраната за одење во кино, а следната година жените исто така ќе можат да присуствуваат и на стадионите ширум државата.

Економските и социјалните реформи кои ги воведува престолонаследникот  Мохамед бин Салман, имаат за цел да зголемат правата на жените. Но и покрај промените, државата во која жените се уште мораат да бидат целосно покриени, се соочува со силни критики.

Активистите жестоко се противат и на правилото дека жената мора да добие дозвола од некој машки член на фамилијата доколку сака да студира или патува надвор од земјата.

Би можело да ве интересира

Макпетрол објави голем попуст на целата своја програма, вклучувајќи ги мотоциклите од Хонда, мото опремата и кацигите.

Викендов на патеката Мотеги во Јапонија ќе се одржи 16-та трка од МотоГП шампионатот.

На наш колега моторџија му е потребна помош, да се покажеме во вистинско светло во недела!

Викендов на патеката Орман во Скопје се вози третата и последна трка од шампионатот на Македонија во мотокрос.

Фантастична борба за победата ја одбележа првата трка за ГН на Тајланд која му припадна на Марк Маркез.

Слободно можеме да кажеме дека новите модели кои ги прикажа Ducati за време на Intermot беа помалку резервирани.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.