Болоња му посака добредојде на новиот Ducati Scrambler ресторан, место кое има за цел да ги собере сите љубители на мотоциклите.

Болоња му посака добредојде на новиот Ducati Scrambler ресторан, место кое има за цел да ги собере сите љубители на мотоциклите. Ресторанот беше направен во соработка со Urban Developments, компанија која е сместена во Болоња.

Според Ducati, делењето и уличната храна отсекогаш биле дел од вредностите на Ducati Scrambler, и токму поради тоа, овој ресторан преставува еволуција во развојот на брендот.

ducati opens up a themed restaurant 1

Од компанијата велат дека дека нудат голем избор кој не се сведува само на храна. Во ресторанот можете да најдете слики, музика, фото галерија, тематски работи и уште многу друго.

Квалитет, оригиналност и пасија се темелите на оваа нова авантура. Тој има површина од 500 метри квадратни и се наоѓа во дел од градот кој има долга традиција.

Нивното мени го рефлектира преминот меѓу минатото и сегашноста и е карактеризиран со автентични јадења но, доколку сакате, имате и покреативни опции.

Нивната посветеност кон храната се знае уште од појавувањето на „The Taste of Joy“, апликација за љубителите на мотоциклите и уличната храна.

Од Scrambler велат дека планираат да отворат вакви ресторани во неколку земји низ светот.

Back To Top