Како што се подготвува мото индустријата за најголемиот настан за оваа година, мислевме дека е добро време да ви презентираме дел од работите кои ќе можете да ги видите.

Се наближува EICMA 2017 мото шоуто, а ако можеме да судиме според историјата, не очекуваат голем број на мотоцикли кои ќе можеме да ги видиме на манифестацијата. Како што се подготвува мото индустријата за најголемиот настан за оваа година, мислевме дека е добро време да ви презентираме дел од работите кои ќе можете да ги видите. Секако, бидете заедно со нас во текот на целиот настан за први да ги дознаете информациите за мотоциклите кои ќе пристигнат во 2018 година.

Aprilia

aprilia logoНе очекуваме премногу модели да дебитираат од фабриката од Noale. Единствено што знаеме е дека Caponord тивко беше тргнат на страна бидејќи не беше во согласност со Euro 4 стандардот. Според тоа, можеме да очекуваме од Aprilia да ни претстави нов ADV мотоцикл. Можеме да очекуваме новиот Caponord да биде v-twin модел, но искрено се надеваме дека Aprilia ќе му даде нова намена на нивниот V4 мотор. Единственото нешто што оди во прилог на ова е фактот дека цената за развој на нов 1200cc мотор е поголема од цената потребна за да се направи V4 да работи на Caponord платформа. Покрај ова, очекуваме да видиме и серија на помали машини. Aprilia RS4 125 последен пат беше подновена во 2011 година. Оттогаш па се донес оваа серија на мотоцикли значително се развива. Ако компанијата успее да ги врати 300cc и 400cc машините на пазарот, би имале голема корист од тоа.

Benelli

benelli logoBenelli претстави голем број на модели на минатогодишното шоу но многу тешко им оди пробивањето на пазарот. Досега за 2018 знаеме само дека Benelli ќе го претстави Leoncino, атрактивен модел со зафатнина од 500cc. Со оглед на тоа дека пробивот на мотоциклите на пазарот е новиот фокус на Benelli, од нив оваа година не очекуваме премногу мотоцикли, ако воопшто и понудат некој модел. Искрено, тоа би било голема штета бидејќи нивните помали модели се навистина добри.

BMW

bmw motorradОд BMW ни потврдија дека на настанот ќе дебитираат со четири комплетно нови модели и мислиме дека знаеме кои ќе бидат тие машини. Прв е S1000RR кој успеавме да го видиме на неколку фотографии. Но се чини дека тој добил неколку подобрувања. Вториот модел на BMW сигурно ќе биде новиот F850GS за кој Германската компанија веќе ни даде неколку информации. Мотоциклот ќе го замени F800GS во линијата за авантуристички мотоцикли и ќе и помогне на компанијата во борбата со конкурентите меѓу кои се Ducati Multstrada 950 и новиот Triumph Tiger 800. Третиот модел најверојатно ќе биде BMW G310S, спортската верзија на 310cc платформата. Со оглед на тоа дека TVS Akula 310 веќе се појави во Индија, спортската верзија на BMW сигурно не е многу далеку од него. Четвртиот мотоцикл на BMW кој очекуваме да го видиме е моделот кој во моментов е наречен „Diavel Killer“. Овој крузер би требало да биде подобар од неговиот претходник, BMW R1200C, иако се уште не знаеме кое ќе биде неговото точно име како и неговата конфигурација. Бонус, има гласини дека деби ќе има и BMW R1200GS но сепак во моментов не е познато дали тоа ќе биде целосно нов GP дизајн или пак ќе има само подобрувања кај моторот.

Ducati

Ducati logoBorgo Panigale е уште една групација која ќе претстави поголем број на мотоцикли на настанот во Милано. Овој пат тие ќе понудат 5 модели. Ducati веќе ни претстави некои од овие машини, Ducati Monster 821, кој доби неколку промени и подобрувања кои веќе ги има кај Monster 1200. Исто така очекуваме да го видиме и Ducati Panigale V4 кој ќе биде главен модел на компанијата на настанот. Очекуваме да видиме два модели од новиот V4 супербајк, основен модел и „S“ модел. Ducati Panigale V4 R ќе дебитира како модел за 2019 година и веројатно ќе го видиме на манифестацијата која ќе се оддржи следната година. Брендот Ducati Scrambler веројатно ќе биде застапен исто така со нов модел, а според нашите информации неговото име ќе биде Scrambler 1100. Се очекува тој да има поголема шасија отколку машините со зафатнина од 800cc и 400cc што во суштина го прави уличен мотоцикл. Исто така очекуваме да го видиме и Ducati 959 Panigale Corse, кој треба да биде појачана верзија на супербајк моделот на Ducati од средната категорија. Последните мотоцикли кои очекуваме да ги видиме се два нови Multistrada модели. Првиот е ендуро верзија на Multistrada 950 додека пак вториот е Multistrada 1260.

Energica

logo energica colorИталијанскиот производител на електрични мотоцикли ќе дебитира со еден нов модел за 2018-та година. Energica Eva EsseEsse9 не беше добро примен на минатогодишното шоу но сепак од компанијата одлучија да продолжат со неговиот развој. Зошто? Не можеме да бидеме сигурни. Машините на Energica функционираат на високо техничко ниво, но треба да работат на нивниот дизајн и маркетинг.

Husqvarna

Husqvarna Motorcycles logoДенеска од компанијата ни потврдија дека треба да очекуваме еден нов уличен модел како и еден концепт. Новиот уличен модел сигурно ќе биде Husqvarna 701 Vipilen, кој беше концепт минатата сезона и кој имаше серија на тестови во текот на годината. Во однос на концептната машина, никој не знае што ќе биде тоа. Можеби ќе видиме 701 Svartpilen – модерен ендуро мотоцикл или пак тоа ќе биде мотоциклот во кој Husqvarna си играше со 1301cc моторот на KTM. Во секој случај, ќе биде интересно да се види нивниот мотоцикл.

KTM

KTM Logo 1998Големото откритие на Австријците ќе биде KTM 790 Duke кој има 800cc parallel-twin мотор. Но главното прашање е колку ќе застранат од оригиналниот прототип со оглед на тоа дека на дел од фотографиите што ги видовме имаше голем број на промени во однос на оригиналниот дизајн. Исто така очекуваме и конечно деби на KTM 390 Adventure. Очекувајте да видите подобрена верзија на KTM RC390 бидејќи Австриската компанија се подготвува за новиот World Supersport 300 шампионат. КТМ сигурно ќе претстави и неколку оф роуд модели како и неколку концепти.

Moto Guzzi

moto guzziНемамо слушнато многу за плановите на Moto Guzzi во однос на EICMA иако знаеме дека одреден број на модели нема да бидат застапени бидејќи не се во согласност со Euro4 стандардот. Имаме информации дека компанијата работи на нова платформа која ќе биде во согласност со строгите закони во Европа. Затоа би можеле да очекуваме оваа сезона да ни претстават неколку концепти за идни модели кои веројатно ќе бидат машини за сезоната 2019.

MV Agusta

MV LogoСамо еден нов модел очекуваме од MV Agusta, иако како што најавуваат тоа ќе биде нешто големо. MV Agusta Brutale 1200 неколкупати беше спомнат од извршниот директор на компанијата кој вети дека овој модел е подобрување на брендот кој постепено старее. Изграден врз основа на поголемата четири цилиндрична платформа, Brutale 1200 би можел да биде првиот од неколкуте 1200cc модели произведени во фабриката во Варезе. Се надеваме дека тоа понатаму ќе премине во MV Agusta F4 superbike чиј што развој беше запрен поради финансиските проблеми на компанијата.

Triumph

PrintLogoLockupГлавната вест кај Triumph е долго очекуваното подобрување на нивната авантуристичка линија што подразбира ребрендирање на Tiger 800 и Tiger Explorer. Втората верзија доби и промена на името и сега се нарекува Triumph Tiger 1200. И двата мотоцикли ќе добијат значително подобрување, со цел да бидат конкурентни на новите модели од нивната категорија. Откако го видовме деби настапот на Triumph Street Triple 765, се надеваме дека наскоро ќе пристигне и нов модел на Speed Triple, можеби дури и со истиот 1200cc мотор кој го има кај моделот Tiger. Но ова е само наша желба и се уште нема никаква официјална информација.

Honda

hondaНа некој начин Honda веќе ни ги покажа главните модели за сезоната 2018. Новиот Honda Gold Wing, веќе дебитираше во Јапонија, а покрај него видовме и доста фотографии од новата верзија на Honda Africa Twin. Има гласини дека би можеле да видиме нов Honda CB1000R кој би се базирал на Honda Sports cafe концептот. Покрај ова, очекувајте деби настап и на неколку други мотоцикли на Honda.

Kawasaki

kawasakiKawasaki веќе ни го претстави моделот во ретро стил, Z900RS, и помалиот модел Ninja 400 на мото саемот кој се оддржа во Токио. Сепак, мислиме дека компанијата најдоброто нешто го чуваше за крај. Веќе подолг период, компанијата ни го најавуваше „Supercharged“ моделот. Во моментов има дебата во однос на тоа како би изгледал овој “H2 GT” и дали би се базирал на истата четири цилиндрична платформа како и H2 и H2R. Исто така има гласини дека промени би можело да има и кај Kawasaki Ninja ZX-10RR. Од компанијата ни потврдија дека работат на нов Kawasaki Ninja ZX-6R но тој модел можеме да го очекуваме за сезоната 2019. Сепак, се надеваме дека Kawasaki ќе ни открие барем малку од овој 600cc суперспорт, можеби само и како концепт.

Suzuki

suzuki logoНа големо изненадување, Suzuki нема да биде дел од главната пресконференција, а тоа би можело да значи дека компанијата нема да открие ништо посебно на EICMA. Веќе добивме потврда дека верзиите за 2018 на GSX-R600, GSX-R750 и Hayabusa нема да претрпат промени. Сепак од компанијата ни потврдија дека моделите ќе добијат целосно нова верзија за сезоната 2019 и дека веројатно ќе дебитираат кон средината на 2018 година. Веројатно Suzuki ја научи лекцијата и одлучи да не открива предвреме премногу информации по она што се случи откако го најавија GSX-R1000.

Yamaha

Yamaha logoYamaha на EICMA сигурно ќе настапи со новиот 700cc Ténéré, кој ни го покажаа за време на минатогодишното издание на шоуто. Сега, откако е подготвен за производство, не интересира да видиме каков ќе биде помалиот Ténéré. Исто така можеме да очекуваме компанијата да го најави моделот со три тркала, Niken како продукциски модел за сезоната 2018. Оваа машина беше претставена на мото шоуто во Токио иако тогаш Yamaha не ни откри премногу детали.

Back To Top