Без разлика какви мотоцикли сакате би требало да знаете дека само шест, 2017 Kawasaki Ninja H2 Carbon мотоцикли ќе бидат испорачани на пазарот во САД.

Како што веќе знаете, Kawasaki Ninja H2 има подобрувања за сезоната 2017. Станува збор за H2 Carbon, кој има преден штитник кој е направен од јаглеродни влакна и кој личи како оној кај моделот H2R. Вкупно ќе бидат произведени само 120 примероци од овој модел, а само шест ќе се најдат на пазарот во САД.

2017 kawasaki h2 carbon1

„Оваа лимитирана едиција на Ninja H2 Carbon ќе создаде голема љубомора кај љубителите на мотоциклите,“ изјави заменик потпретседателот за продажба во САД, Бил Џенкинс. „Ninja H2 привлече големо внимание во индустријата кога се појави и мислам дека ќе видиме голема раздвиженост кога ќе може да се нарача овој мотоцикл, а тоа е на 13-ти февруари.“

2017 kawasaki h2 carbon2

Ако сметате дека животот не ви е целосен без оваа лимитирана едиција, бидете подготвени веднаш да се пријавите на сајтот на Kawasaki во понеделник, 13-ти фебруари. Нарачките ќе може да се направат од 9 часот наутро и лицата кои први ќе се пријават, први и ќе го добијат мотоциклот.

Доколку интернет страницата не се блокира и некако успеете да ја направите нарачката, треба да знаете дека ќе морате да оставите депозит од 10,000 долари во официјалната продавница на Kawasaki, 48 часа откако ќе ве известат дека ве има на списокот. Инаку, цената на мотоциклот се уште не е позната.

Исто така треба да знаете и дека дел од парите кои ќе ги потрошите ќе бидат наменети за хуманитарни цели. Kawasaki ќе донира 20,000 долари на „Road 2 Recovery“, фондација која им помага на професионалните возачи кои доживеале тешка повреда.

2017 kawasaki h2 carbon3

Back To Top