Оваа интернет страна им овозможува на сопствениците на мотоцикли да можат да ги изнајмат на други лица за многу помала цена.

Оваа интернет страна им овозможува на сопствениците на мотоцикли да можат да ги изнајмат на други лица за многу помала цена.

Ridersshare

Доколку не сте запознаени, Airbnb за многу кратко време го овои светот на изнајмувањата. Оваа интернет страна им овозможува на сопствениците да го изнајмат својот дом на одреден период. И покрај тоа што во последен период претрпе одредени критики, таа сепак има постигнато огромен успех. Клучот на нејзиниот успех е цената. Можете да изнајмите стан во центар на град за половина од цената која би ви ја побарале во хотел. Сега, Riders Share сакаат да ја искористат истата оваа формула но за изнајмување на мотоцикли.

Riders Share им овозможува на сопствениците на мотоцикли да ги огласат на нивната страна и да изберат по која цена може да се изнајми мотоциклот.  Цената зависи од сопственикот но во секој случај таа е помала отколку да изнајмите во продавница за мотоцикли. Во Калифорнија можете да изнајмите Ducati 848 за 54 долари од ден, а во Њу Јорк, доколку сакате да изнајмите Harley Davidson Road King, тоа ќе ве чини 43 долари. На ова треба да се додаде и осигурувањето кое изнесува 15 долари од еден ден.

За да се заштитат и двете страни, ќе мора да покажете валидна возачка дозвола, а исто така и дека мотоциклот е редовно одржуван кај овластен сервисер. Можноста за изнајмување на мотоцикл во моментов е достапна само во САД но се чини дека за брзо време ќе го освои и остатокот од светот. Но главното прашање е дали би го изнајмиле вашиот мотоцикл?

Back To Top