Вести од светот

Првите луѓе на Motocycle.com си заминаа од компанијата

Бројот на медиуми посветени на мотоциклите постојано се менува, а таквите промени влијаеа врз една доста популарна интернет страница: Motocycle.com.

Следете нè на:

 

Една од најпознатите веб страни за мотоцикли, Motocycle.com доживеа тежок удар откако двајца од нивните најпознати новинари, Шон Александер и Кевин Дјук, одлучија да си заминат. За оние кои не знаеа, Дјук беше главен уредник на страната од 2007 година па се додека не ја загуби позицијата кон крајот на 2017 година додека пак Александер беше директор на „Powersports “ едиторијалот од ноември 2013 година.

VerticalScope Hack

Двајцата ги загубија своите позиции откако сопственикот на Motocycle.com, компанијата Vertical Scope одлучи да направи реорганизација.

Ваквата информација иако привлече внимание сепак не беше големо изненадување. За краток временски период видовме згаснување на неколку публикации посветени на мотоциклите, меѓу кои и Sport Rider и Motorcycle-USA. Други пак, како што се Cycle World и Motorcyclist значително го променија својот формат додека пак RideApart, Canada MotoGuide и Cycle News ги променија соптвениците.

Има информација и дека голем дел од лицата кои пишуваат за Riders Domain ќе бидат отпуштени од работа како дел од обидот да се намалат трошоците на компанијата.

Засега не е познато како ќе се одвиваат работите за лицата вработени во Motorcycle.com иако мора да признаеме дека пред нас следи еден интересен период. Доколку гласините се потврдат како точни, тогаш во следниот период ќе видиме затворање на уште неколку публикации или пак нивна реорганизација.

Би можело да ве интересира

Станува збор за програма за изнајмување на мотоцикли која ќе биде достапна на сите продажни места на BMW.

„Можеби некои од шефовите во Yamaha ќе го погледнат бројот на порази и ќе прашаат зошто е тоа така“, Валентино Роси

Крајот на сезоната е одлична можност да се опремите со нова кацига по навистина поволна цена.

Марк Маркез се доближи еден чекор поблиску до освојување на титулата откако имаше импресивен настап пред домашната публика на трката која се возеше во Арагон.

Марк ми ја уништи трката, ми ја повреди ногата. Знае дека погреши! - Хорхе Лоренцо

„Можеме да се бориме за победа, но Хорхе и Марк исто така се добри на оваа патека. Затоа сметам дека воопшто нема да биде лесно“ - Андреа Довициозо.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!