Honda Super Cub, кој беше создаден во Јапонија, ја отсликува пасијата на компанијата да им служи на луѓето ширум светот. Како резултат на ваквата политика, Super Cub серијата веќе долго време предизвикува задоволство кај луѓето од целиот свет и успеа да стигне до бројка од 100 милиони произведени примероци.

Неверојатна бројка ни пристигнува денеска од Honda откако компанијата објави дека вкупниот број на произведени Super Cub модели низ целиот свет достигна 100 милиони примероци. Првиот Super Cub модел, C100, за прв пат беше произведен во август 1958 година во фабриката на Honda сместена во близина на Токио. Основниот концепт оттогаш па се досега остана непроменет, а Super Cub денеска се произведува во 16 фабрики и 15 земји низ целиот свет.

super cub 2

Компанијата оддржа специјална церемонија во својата фабрика во Кумамото на која присуствуваше и извршниот директор Такахиро Хачиго кој изјави: „Honda Super Cub, кој беше создаден во Јапонија, ја отсликува пасијата на компанијата да им служи на луѓето ширум светот. Како резултат на ваквата политика, Super Cub серијата веќе долго време предизвикува задоволство кај луѓето од целиот свет и успеа да стигне до бројка од 100 милиони произведени примероци. И во иднина, Honda ќе остане лидер во промените и ќе продолжи да работи во ист стил се со цел создавање на производи кои ќе ги надминат очекувањата на нашите потрошувачи.“

Ние направивме една интересна анализа. Доколку ги наредите сите 100 милиони примероци на Super Cub еден зад друг, тие дури за 4.77 пати ќе го заобиколат екваторот. Или во превод, 191499 километри наредени со Super Cub. Прилично импресивно.

Back To Top