Со големо жалење ја објавуваме веста за починувањето на познатиот мото новинар Кевин Аш, кој почина од повредите здобиени по несреќата која се случи денес.

Kevin-Ash

Со големо жалење ја објавуваме веста за починувањето на познатиот мото новинар Кевин Аш, кој почина од повредите здобиени по несреќата која се случи денес. Возејќи северно од Кејп Таун, Јужна Африка, Кевин беше дел од 2013 BMW R1200GS мото авантурата. Настанот беше откажан по дознавањето на оваа трагична вест.

Тој беше легенда во оваа индустија. Работата на Кевин може да се најде во безброј списанија вклучувајќи ги MCN и  Daily Telegraph, а и на неговиот блог Ash on Bikes. Познат по своето техничко знаење, јасно пишување и искрени рецензии, работата на Кевин беше гледана од страна на многу луѓе во индустријата како златен стандард за пишување на мото извештаи.

Искрено, жалам што никогаш не успеав да се сретнам со Кевин за време на некој настан или шоу, но разменувавме пријателски е-маил пораки. Сега кога го нема, сите ние можеме да го почуствуваме вакумот кој настана со неговото заминување.

Од статиите кои што се објавија за него ширум светот, евидентно е дека Кевин многу ќе и недостасува на нашата тесно поврзана заедница. Ние можеме само да најдеме утеха во фактот дека Кевин загина работејќи го тоа што навистина го сакаше.

Back To Top