Од претставништвото на Motul во Англија велат дека се одушевени и исклучително горди откако постигнаа договор за техничка соработка со армискиот мотоциклистички тим.

Од претставништвото на Motul во Англија велат дека се одушевени и исклучително горди откако постигнаа договор за техничка соработка со армискиот мотоциклистички тим.

Тимот кој е составен од 15 возачи, учествува на најмалку 9 трки од  „No Limits“ шампионатот во издржливост. Трките во шампионатот траат помеѓу 3 и 8 часа, а постои можност во 2017 година да се оддржат неколку трки и низ Европа. Во првите неколку години од шампионатот, тимот постојано освојуваше трофеи но во последниот период конкуренцијата стана значително потешка. Секој член на екипата е исклучително посветен и игра важна улога. Армијата е горда на нив и активно го поддржува мотоспортот. Тимот веќе има поддршка и од „Metzeler Tyres“ и од „GB Racing“.

motul armija

Лук Мичел, развојниот менаџер на Motul изјави: „Откако поминав едно попладне со нив, можев да забележам колку се посветени на тркањето и на менаџирањето со тимот. Дури и кога не се наоѓаат во воена зона, нивните животи се постојано под стрес и тоа мора да се почитува. Ние сме неверојатно горди што соработуваме со нив и ќе им обезбедиме техничка поддршка и производи. Посветеноста и професионализмот што го имаат е секако она што не прилече да соработуваме со нив и тие го одражуваат нивото на квалитет и чесност што го застапува и Motul.“

Ричард Спенсер: „Средбата со Лук и разговорот околу можноста да станат дел од нашиот тим беше возбулива и интересна од самиот почеток. Го поканивме да дојде да види неколку од нашите возила и да се запознае со правилата на нашата екипа. Се надеваме дека за брзо време ќе го запознаеме и остатокот на Motul тимот. Благодарни сме на соработката и со нетрпение ги очекуваме нивните производи. Се надеваме дека со новите членови кои ќе ни се придружат за кратко време повторно ќе се искачиме на подиумот. Благодарни сме им на Лук и на Motul за нивната подршка и се надеваме дека во 2017 година ќе оствариме голем број на победи.“

Доколку сакате да дознаете повеќе информации за армискиот тим на издржливост можете да ја посетите страната teamarmyracing.wordpress.com.

Сите работи поврзани со Motul можете да ги дознаете преку фејсбук пејџот на Мотул Македонија.

Back To Top