Еден мотоциклист од САД доби оштета од нешто повеќе од 180.000 долари откако беше нападнат од полицаец.

Роберт Едвардс го бркаше Џастин Вилкинс со необележано полициско возило и без вклучени сирени, пред да го турне од мотоциклот. Сето ова е снимено од камерата во автомобилот.

Мотоциклистот што беше удрен од полицаец, доби оштета од 180 илјади долари

Снимката е  од 2012 година но случајот дури сега заврши. Вилкинс добил 31.171 долари за да ги покрие медицинските трошоци бидејќи се здоби со две скршени ребра и скршена клучна коска. Тој исто така доби и дополнителни 100.000 долари за претрпените болка и стрес, како и 50.000 долари оштета.

Back To Top