Вести од светот

Милениумците повторно напаѓаат, овој пат на ред се мотоциклите

Постојат десетина фактори кои влијаат врз секоја индустрија и пазарот со мотоцикли воопшто не е различен. 

Следете нè на:

 

За разлика од некои компании како што е Ducati, кои постигнуваат успех на пазарот со помали мотоцикли, сепак се чини дека има голем број на фактори кои влијаат врз продажбата.

Барем така се наведува во истражувањето кое го спроведе Бернстајн, водечка компанија за анализи на пазарите во САД и Европа. Неодамна, тие објавија нова анализа во обид да се објасни зошто милениумците се за 30 до 40 проценти помалку заинтересирани за мотоциклите во споредба со претходните генерации.

20182F042Fmillennials

Истражувањето откри дека младите не се премногу заинтересирани за возење па дури и ако припаѓаат на една од двете главни групи: пред да создадат фамилија. Денешните млади милениумци, така компанијата ги нарекува сите оние кои се родени помеѓу 1990 и 2000 година, се помалку заинтересирани за мотоциклите дури за една третина во споредба со нивните претходници. Сепак, од Бернстајн велат дека на таквата одлука влијаат голем број на фактори.

Според анализите на компанијата, долговите кои ги имаат студентите за школувањето се еден од главните фактори. Бидејќи се повеќе млади луѓе денеска имаат универзитетско образование, исто така тие имаат и поголеми долгови. Во САД, во 1990 година, само половина од студентите позајмиле пари за да студираат, а позајмувањето било во висина од 15 000 долари. Споредете го ова со 2012 година каде 70 проценти од студентите земале некаков вид на позајмица која во просек изнесува 25 000 долари. Ако секој член на претходната генерација во просек должи 2000 долари, денешните млади луѓе во просек должат 3500 долари.

„Тоа можеби не делува како премногу за да ги одврати младите од идејата да купат мотоцикл,“ вели Дејвид Бекел, кој беше дел од истражувањето.  „Но ако ја направите пресметката меѓу 15000 и 26000 долари студентски долг, разликата изнесува 130 долари месечно, што е и еквивалент на месечната рата за мотоцикл кој чини 8000 долари.“

Во обид да се објасни зошто се намалува продажбата на нови мотоцикли, од компанијата велат дека се повеќе се развива пазарот на веќе користени мотоцикли. Тие исто така имаат уште едно интересно тврдење, а тоа е дека припадниците на помладата генерација не чувствуваат иста потреба за бунтување во споредба со нивните претходници. Милениумците стапуваат во брак, купуваат куќа и имаат деца во подоцнежните периоди од животот во споредба со припадницте на претходните генерации.

„Ако не планирате во скоро време да стапите во брак, шансите се големи и дека воопшто не размислувате да имате деца. Токму поради тоа и потребата да се бунтувате против постојаната одговорност која ќе ја имате е помала,“ објаснува Бекел.

Од компанијата велат дека еден од начините за да се реши овој проблем е да се креира нов бизнис модел кој нема да зависи на позајмици за да се купи мотоцикл.

„Наместо позајмувањата да бидат примарен дел од финансирањето, обидете се со лизинг или пак со некој од концептите кои ги има во економијата на споделување“ сугерираат од Бернстајн.

Сепак, на крајот од компанијата сметаат и дека милениумците не се премногу заинтересирани за мото културата. Оф роуд машините, кои на еден начин се влез во светот на мотоциклите, не се премногу популарни кај денешната младина па дури и Холивуд не го фаворизира толку возењето во споредба со минатото.

Се надеваме дека наскоро нешто ќе се промени.

Би можело да ве интересира

Макпетрол објави голем попуст на целата своја програма, вклучувајќи ги мотоциклите од Хонда, мото опремата и кацигите.

Викендов на патеката Мотеги во Јапонија ќе се одржи 16-та трка од МотоГП шампионатот.

На наш колега моторџија му е потребна помош, да се покажеме во вистинско светло во недела!

Викендов на патеката Орман во Скопје се вози третата и последна трка од шампионатот на Македонија во мотокрос.

Фантастична борба за победата ја одбележа првата трка за ГН на Тајланд која му припадна на Марк Маркез.

Слободно можеме да кажеме дека новите модели кои ги прикажа Ducati за време на Intermot беа помалку резервирани.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.