Назначувањето на Микеле Колаинино се совпаѓа со преструктуирањето на асоцијацијата која ги именуваше својот претседател и потпретседател, а официјално ќе започнат со работа од 1-ви јули 2017 година.

Микеле Коланино, извршен директор на Immsi S.p.A.(холдинг групација со годишен обрт од 1.3 милијарди евра и мнозински акционер во Piaggio), директор на Piaggio & C. S.p.A. и претседател на Piaggio Fast Forward, е назначен за потпретседател на ACEM, асоцијацијата на Европската Мото Индустрија со седиште во Брисел, асоцијација чии членови се сите производители на мотоцикли.

Michele Colaninno

„Во ACEM ќе работиме за да се осигураме дека слободната трговија, безбедноста и почитта кон животната средина продолжат да бидат главни цели на стратешкиот развој,“ изјави Микеле Коланино. „Групацијата PIaggio веќе многу години е застапена на сите континенти и ќе продолжи да се грижи за следните генерации и ќе обрнува посебно внимание на урбаната мобилност. Во транспортниот сектор се отвораат големи можности и мораме да работиме заедно за да ги искористиме целосно.“

Назначувањето на Микеле Колаинино се совпаѓа со преструктуирањето на асоцијацијата која ги именуваше својот претседател и потпретседател, а официјално ќе започнат со работа од 1-ви јули 2017 година.

Back To Top