Поради проблеми со менувачот, компанијата одлучи да повлече 4000 примероци од главниот супербајк модел.

Модерните супербајк се дизајнирани за да обезбедат најдобри перформанси. А за да се постигне тоа потребна е голема моќност како и менувач кој може да издржи многу. За жал токму тоа е проблемот со еден од најдобрите мотоцикли на Kawasaki, Ninja ZX-10R. Се чини дека трансмисијата на моделите за 2017 и 2018 година имаат проблеми кога менувате во трета, четврта и петта година. Ова очигледно е голем проблем за мотоцикл кој е дизајниран да биде агресивен. Токму поради оваа причина јапонската компанија ќе започне „recall“ кампања на речиси 4000 парчиња од популарната Ninja.

Screen Shot 2018 02 16 at 10.50.18 AM

Проблемот за прв пат бил забележан во јануари 2017 година кога голем број на продавачи од Азиските држави пријавиле дека мотоциклите имаат проблем со менувачот. Минатата година Kawasaki спроведе детална истрага и откри дека трансмисијата не се однесува како што треба кога менувате во втора, трета и четврта брзина. Поради оваа информација компанијата одлучи да нареди повлекување на  ZX-10R машините произведени во периодот помеѓу 9-ти септември 2015 година и 13 декември 2017 година (броеви на шасија помеѓу JKAZXCR10GA000014 и JKAZXCZ17JA003130).

Поради проблемот, може да дојде и до закочување на задното тркало. Интересно, и покрај тоа што има малку поразлична трансмисија, тркачката RR верзија исто има проблеми и побарано е и нејзино повлекување. Очигледно ова ќе ја чини компанијата многу но се надеваме дека оваа година нема да има нови повлекувања.

Од компанијата велат дека ќе ги контактираат сите сопственици на вакви мотоцикли и дека замената на неисправните делови ќе биде бесплатна. 

Back To Top