Лојалноста кон еден бренд е нешто што ретко се гледа во денешно време, често пати се врзуваме за брендот на мотоцикл кој го возиме се додека не дојде време за нешто ново, а потоа преминуваме на друг бренд. Сепак за Хери Адлер држењето до Хонда во целиот свој моторџиски живот се исплатеше.

Adler Honda 2015

Лојалноста кон еден бренд е нешто што ретко се гледа во денешно време, често пати се врзуваме за брендот на мотоцикл кој го возиме се додека не дојде време за нешто ново, а потоа преминуваме на друг бренд. Сепак за Хери Адлер држењето до Хонда во целиот свој моторџиски живот се исплатеше.

Минатата недела директорот на Хонда за Америка на 84 годишниот Хери Адлер му подари нова Honda CB300F, која за Адлер претставува 55-ти мотоцикл од овој бренд. Хонда фанатикот во својот моторџиски живот купил ни помалку ни повеќе туку 54 мотоцикли од кои дури 38 се купени од еден дилер во Мериленд (САД). Адлер иако има 84 години, во својата гаража сеуште има 8 Хонди, како што му доликува на секој зависник од Хонда на негови години.

Низ годините тој поседувал различни модели на Хонда, од скутери па до CRF230M, CBR250R, VT600CD, VTX1300 и VTX1800C. Адлер започнал да вози мотоцикл во далечната 1963 година, а според него, Хонда е број 1 производител на мотори заради што и никогаш не помислил да купи мотор од друг бренд.

Прават одлични производи, а луѓето кои ја претставуваат компанијата се прекрасни. Дилерите со кои комуницирав низ годините се однесуваа со почит кон мене и ми помагаа во изборот. Ова посебно се однесува на дилерот „Horner Honda“ од каде купувам мотоцикли во изминатите 20 години. CB300F е тип на мотор кој недостигаше во моето портфолио, навистина сум изненаден и со нетрпение очекувам да го провозам.изјави Адлер

Дејвид В. Паул, заменик претседателот на Хонда за САД изјави дека е вистинска реткост една компанија да има прилика да награди верен муштерија како што е Адлер, за нив е чест што Хери Адлер ќе го вози 55-от мотоцикл од брендот Хонда и додаде дека се горди што тој е дел од семејството на Хонда.

Back To Top