Интересна вест ни пристигна денеска од Honda. Компанијата склучи договор со Forever 21 со цел да создаде уникатна линија на облека за младите возачи. Таа е инспирирана од обележјата кои ги имаше Honda во осумдесетите и деведесетите години од минатиот век, но исто така има и модерни делови.

„Успехот на Honda во минатиот век е легендарен, а нашите возачи освоија голем број на титули како во домашните така и во интернационалните серии,“ изјави Мајк Снајдер, одговорен за маркетинг во Honda.

Honda Forever 21 clothing line 04

„Многу сме среќни што постигнавме договор со Honda и што ќе направиме ваква колекција,“ вели Линда Чанг, директор за маркетинг во Forever 21. „Секогаш имаме желба за нови партнерства, а оваа соработка е особно важна со оглед на големата популарност на мотоциклизмот како и блиските врски меѓу тркањето и модата. Се надевам дека оваа колекција ќе им се допадне на нашите фанови но исто така и на фановите на Honda.“

Сите оние кои ќе купат нешто од оваа колекција, својата слика можат да ја стават на Instagram, а најсреќниот од нив ќе освои Honda CRF250L.

Опстанокот на индустријата веројатно во голема мера зависи и од можноста да се привлече младата популација која и не е толку заинтересирана за мотоциклите. Honda веќе започна да го остварува овој план, но се чини дека другите компании воопшто не ја следат.

Back To Top