Harley-Davidson Inc.  во понеделникот изјавија дека ќе составуваат уште три од своите модели во Индија и дека ќе ја намали нивната цена за да ги направи подостапни за потрошувачите од таа земја.

82168-sohail-khan-with-his-son-at-harley-davidson-rally-at-vt-to-bandr

Harley-Davidson Inc.  во понеделникот изјавија дека ќе составуваат уште три од своите модели во Индија и дека ќе ја намали нивната цена за да ги направи подостапни за потрошувачите од таа земја.

Компанијата од Милвоки изјави дека ќе ги составува Fat Boy, Fat Boy Special и Heritage Softail Classic моделите во Индија откако ги увезе деловите од САД. Локално составените модели ќе чинат помеѓу 1.5 милиони рупии (27,342$) и 1.7 милиони рупии, што е за 23% поевтино отколку порано.

Компанијата веќе составува половина од 12-те модели кои ги продава во Индија во фабрика во Бавал кој се наоѓа во северната држава Хариана. Другите модели се увезуваат како целосно изградени единици.

Одлуката доаѓа само неколку денови откако Индија реши да го зголеми данокот за увоз на скапи мотоцикли и автомобили.

Додека го објавуваше федералниот буџет за оваа година, министерот за финансии П. Чидамбарам изјави дека Индија ќе го зголеми данокот за увоз на мотоцикли кои имаат капацитет од 800 кубни сантиметрина на 75% наместо досегашните 60%. Најмалата кубикажа на Harley моторите во Индија изнесува 833 кубни сантиметри.

Шефот на Harley за Индија, Аноп Пракаш изјави дека влијанието на повисоките такси врз моделите ќе биде минимално бидејќи компанијата ќе го зголеми производството на мотори во Индија.

Back To Top