Harley-Davidson го почна „Battle of the Kings custom“ натпреварот, а вие имате рок до 18ти април да гласате на изборот за најдобар мотоцикл.
Harley-Davidson го почна „Battle of the Kings custom“ натпреварот, а вие имате рок до 18ти април да гласате на изборот за најдобар мотоцикл. Застапниците на Harley-Davidson веќе го имаат добиено 2016 Sportster 883 Iron, кој е одбран да биде како платформа на овогодинешниот натпревар. За разлика од другите натпревари, „ Battle of the Kings“ се потпира исклучиво на делови од официјалниот каталог на Harley-Davidson.
Бројот на дилери кои се вклучени во овој натпревар е огромен. Само во Италија има 40 дилери кои учествуваат во натпреварот.
Новиот Sportster 883 Iron пристигна во Европа во декември 2015 година и е еден од најпопуларните модели на Harley, делумно поради неговиот квалитет но и поради неговиот изглед.
Тој е опремен со 883цц Evolution v-twin мотор кој има воздушно ладење. Висината на седиштето изнесува 775мм и претставува одличен избор за пониските возачи. Благодарение на неговата висина и тежина (256 килограми) Sportster 883, важи за еден од омилените мотоцикли на женските возачи.
Новиот „Iron“ има темна боја. Рамката, тркалата и моторот се обоени со црна боја и ги нема деталите кои традиционално се поврзани со „MoCo“ мотоциклите.
Мотоциклите кои ќе влезат во овој натпревар мора да користат делови за кои креаторите мислат дека се соодветни. Тие мора да бидат оригинални и да бидат избрани од официјалниот каталог. Може да се избере нова боја, но не смее да има никакви подобрувања на мотоциклот.
Иако поради овие правила креативноста е лимитирана, овој натпревар е одлична можност да се види како би можел да изгледа Sportster 883 Iron, доколку се користат само делови од официјалниот каталог. Отворете ја интернет страната на Harley-Davidson за да ги видите мотоциклите.