Извршниот директор на Австриската копанија, Стефан Пиерер е новиот сопственик на Husqvarna.

husquarna

Извршниот директор на Австриската копанија, Стефан Пиерер е новиот сопственик на Husqvarna.

Во текот на денешниот ден првично излегоа информации дека KTM ја купува Husqvarna, за потоа да се обелодени дека извршниот директор на КТМ и делумен сопственик, Стефан Пиерер е купецот. Тој ја купил фабриката со неговата друга компанија „Pierer Industies AG“. Таа не е поврзана со Cross AG, главната компанија во која Пиерер и Бајај имаат акции. Следните шест месеци ќе бидат посветени за да се види како Husqvarna ќе може да соработува со КТМ, но, веќе е ветено дека нов модел ќе биде промовиран на EICMA во ноември.

КТМ е одлична но мала компанија Лесно е да се види која е причината за купувањето на Husqvarna. Тоа е уште еден потег на големата Индиска моторциклистичка компанија, Бајај-која веќе поседува голем дел од КТМ-да го прошири своето портфолио на брендови, производствени способности и дизајни.напиша новинарот Марк Гардинер на својот блог

Станувањето на дел од фамилијата Bajaj ќе биде добра работа за Husqvarna. Новите модели ќе можат да целат на огромните пазари во Југоисточна Азија, остварувајќи профит кој ќе може да се реинвестира во нови улични модели, можеби во модели кои не се само освежување на F800R моделот. 

Back To Top