Помислете на ова следниот пат кога ќе го палите вашиот мотоцикл во недела наутро.

1stabbing - 02

Помислете на ова следниот пат кога ќе го палите вашиот мотоцикл во недела наутро.

Расправија околу силна бучава од мотоцикл помеѓу двајца соседи во Пасадена, Тексас (САД) заврши со смртни последици. Еден од лицата кои биле вклучени во инцидентот, Крис Меклеин, се соочил со својот сосед откако му здодеало секое утро во 04.30 часот да го слуша силниот звук на мотоциклот пред неговиот двор.

Работите тргнаале на лошо откако вербалната расправија преминала во напад со нож, во кој мотоциклистот се обидел да го убие соседот кој му приговарал. Меклеин иако бил прободен неколкупати, успеал да го совлада својот сосед и на крајот го задавил.

Полицијата сеуште не го има објавено името на починатиот мотоциклист, а во кусата изјава стои дека тој имал околу триесет години. 

По настанот Меклеин бил однесен во болница каде сеуште се наоѓа во критична состојба од неколкуте убоди што ги здобил.

Back To Top