Можеби неговото име денеска не ви значи ништо. Сигурно нема ништо да се промени ниту утре. Но денот кога со почит ќе го изговараме неговото име не е многу далеку.

Познат е како Ej Џej (AJ Stuntz), има шест години и веќе е многу вешт стантер. Да, добро прочитавте. Како што вели неговата мајка, се чини како Ej Џej да беше роден во мото светот, па затоа тој да не стане возач, би било изненадување. Со пасионирани возачи околу него и со помошта од неговата фамилија, тој премина на електрични мотоцикли со голема леснотија. Тоа дури ја изненади и неговата мајка. Таа вели дека не му требала никаква помош кога преминал на електрични мотоцикли. Само се качи на моторот и почна да вози, како да го правел тоа цел живот. Од тој момент беше јасно дека тој нема да има никаков проблем во мото светот.

aj stuntzz

Професионалниот каскадер Џејсон Пулен беше покрај него од самиот почеток, гледајќи го неговиот природен талент и неговиот неверојатен потенцијал. Долго време помина откако Џејсон беше тинејџер и време е неговото знаење да му го пренесе на некој помлад. Но се чини дека неговиот ученик е многу помлад отколку што тој се надеваше. Но сепак, Џејсон го гледа Ej Џej како негов врсник иако тој е само дете.

Соработуваат како да се возрасни и прават планови за нивните настапи да поминат беспрекорно. Верувајте ми, ова е само почеток. Сигурен сум дека за многу кратко време ќе слушнеме за него. Дали е премногу рано за да кажеме дека ќе го надмине Крис Фајфер? Можеби, но можеби и не. Но едно нешто е сигурно. Ова дете е навистина талентирано. Уживајте.

Back To Top