Кренете ја раката ако некогаш сте посакале да го поминете летниот одмор во Италија. Затоа немојте да се изненадите откако ќе ви кажам дека можете да го поминете вашиот одмор возејќи мотоцикл.

Но не било каков мотоцикл туку модел чиј што дизајн оддалеку ви кажува дека станува збор за „strada“. Јасно ви е за што ви зборувам? Пријатели, запознајте ја турата „Ducati Dream“.

20182F052FDucatiTourFeature

Таа вклучува четири дена возење низ патиштата низ централна Италија заедно со ветеранот од релито Дакар, Бепе Џулиани и неговиот тим кои ќе ви бидат туристички водичи. Во однос на мотоциклот, можете да изберете било кој од моделите на Ducati за 2018 година (за жал не можете да го одберете новото V4 Panigale).

Првиот ден од долгиот викенд ќе го поминете на автодромот во Модена каде ќе имате можност подобро да се запознаете со мотоциклот. Замислете си само како поминувате еден ден на патеката со моделот на Ducati кој отсекогаш сте посакувале да го возите, како ги усовршувате вештините со помош на искусните возачи и како поминувате голем број на кругови во безбедна и контролирана средина. А ова е само првиот ден.

Ducati Travel DreamTour 2018 06 Gallery 1920x1080

Останатите три дена ќе ги поминете на патиштата низ Италија и ќе можете одблизу да ја видите прекрасната Тоскана. Во пакетот исто така е вклучено и посета на фабриката на Ducati како и нивниот музеј, сместување и оброк за три дена. Доколку не сакате да носите премногу работи, можете да ја изнајмите опремата која ќе ви треба по цена од 150 евра.

Целата тура ќе ве чини околу 1800 евра, а во неа не се вклучени авионскиот превоз до Милано како и превозот од аеродромот до Модена. Но, тоа цената која ќе треба да ја платите доколку сакате да ги живеете вашите соништа. Сепак мислам дека вреди бидејќи станува збор за шетање низ Италија на Ducati.

Повеќе информации за турата можете да добиете преку нивниот веб сајт.

Back To Top