Вести од светот

Дали Honda работи на враќање на CBX?

Верувале или не, но можно е да има нов реден шестак кој ќе биде дел од линијата на Honda.

Следете нè на:

 

Гласините никогаш не прекинуваат и секогаш е интересно да се види што мислат луѓето дека Хонда работи во моментов. Оваа гласина кружи веќе долго време, а ние се надеваме дека има барем малку вистина во неа. Еден неодамнешен дизајн на Honda сугерира дека компанијата работи на враќање на познатиот CBX. Исто како и неговиот претходник, и новата верзија ќе има реден мотор со шест цилиндри.

cbx1 770x432

Во 1978, Honda CBX стана првиот мотоцикл опремен со реден шест-цилиндричен мотор. Неколку години тој беше главен на пазарот, а луѓето не престануваа да го фалат. Моторот, сам по себе беше сметан за ремек дел,о а мотоциклот имаше и компоненти направени од алиминиум и магнезиум. Honda CBX беше еден од најдобрите мотоцикли на своето време.

Тој имаше 103 коњски сили, импресивна бројка во период кога 400cc се сметаше за многу. Максималната брзина изнесуваше 225 км/ч, што е прилично многу дури и за денешни стандарди. Но, забавата не траеше долго и веќе во 1981, CBX доби намалување на перформансите. Компанијата се обиде да го ребрендира како спортско-туринг мотоцикл но со оглед на тоа дека Kawasaki и Yamaha опасно им се приближуваа, пред се со своите помали мотоцикли, не помина долго време пред CBX да стигне до својот крај.

Денеска ваквите агрегати не се толку популарни и само мал број на мотоцикли го имаат овој мотор. Меѓу нив се Honda Goldwing и BMW K1600. Денешната технологија ги промени работите.

Но со оглед на историјата која ја има CBX, Honda ќе мора многу да се потруди за да креира мотоцикл кој ќе го исполни стандардот кој го имаше неговиот претходник. Самиот дизајн изгледа навистина убаво со сите оние ретро елементи кои му се додадени.

Во моментов, за жал, за ова можеме само да шпекулираме со оглед на тоа дека компанијата сѐ уште нема објавено никакви официјални информации.

Би можело да ве интересира

Викендов на патеката Мотеги во Јапонија ќе се одржи 16-та трка од МотоГП шампионатот.

На наш колега моторџија му е потребна помош, да се покажеме во вистинско светло во недела!

Викендов на патеката Орман во Скопје се вози третата и последна трка од шампионатот на Македонија во мотокрос.

Фантастична борба за победата ја одбележа првата трка за ГН на Тајланд која му припадна на Марк Маркез.

Слободно можеме да кажеме дека новите модели кои ги прикажа Ducati за време на Intermot беа помалку резервирани.

За време на изложбите во Париз и Intermot, Honda го претстави новиот Super Cub C125 кој се очекува да се најде на пазарот оваа есен.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.