Директорот на BMW задолжен за Mini, Rolls-Royce како и брендовите на мотоцикли, Питер Шварценбауер, вели дека компанијата размислува за шема за размена на мотоцикли во големите градови со цел жителите побрзо да стигнуваат од една до друга дестинација.

„Ова дефинитивно е опција,“ вели Шварценбауер. „Но се уште немаме решение за втората кацига. Проблемот е во однос на големината како и повторната употреба на кацигите за време на летниот период.“

bmw c evolution 1

Се чини дека ваквата идеја и не е нешто ново. BMW имаа слична програма и за своите автомобили преку „DriveNow“ брендот каде што можете да изнајмите автомобил според тоа колку минути ви е потребен. Според „Bloomberg Technology“ компанијата планира да започне со остварување на ваквата идеја од почетокот на мај и првично таа ќе се одвива во неколку Европски градови. И тоа не е единствената вест.

Шварценбауер исто така потврди и дека BMW размислуваат за развој на втор електричен скутер кој би имал ист опсег како и „C evolution“. Новиот скутер би бил помал и наменет за урбаните возачи.

Back To Top